Нарачале технички апарат, добиле детска играчка - зголемен бројот на измами при онлајн купувањето

Во последните три години интензивирано е купувањето онлајн, но зголемен е и бројот на поплаките, посебно во делот на нелегалната интернет продажба. 

– Најголемиот број поплаки се однесуваат токму на нелегалната продажба, од нерегистрирани субјекти на социјалните мрежи. Потрошувачите се измамени, им се доставуваат производи со различен квалитет и боја од она што го нарачале, некогаш им се доставуваат и детски играчки, а нарачале технички апарат. Исто така, не им се доставува гаранција. Тука посебно треба да се внимава, велат од Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Евидентирани се поплаки и поради проблеми со платежните картички.

– Има случаи кога потрошувачите купувале нешто на некоја платформа, ставиле картичка и кај нас се јавуваат по неколку месеци да пријават дека од картичката им биле симнати по 2.000-3.000 евра. Тоа е зашто потрошувачите не внимаваат каде ја оставаат картичката, ставаат податоци и по неколку месеци може да им бидат повлечени пари од сметката. Затоа апелираме постојано и едуцираме - да не се даваат личните податоци, ниту картичките кога се купува онлајн, предупредува ОПМ.

Треба да се внимава и на онлајн продавачите, посебно ако се утврди дека немаат оставено конаткт или адреса.

– Треба да се истражи дали таа „продавница“ навистина постои физички. Ако не, тоа дава некаков сигнал дека е можеби нелегална. Кај нас сѐ уште нема механизам за нелегалните онлајн продажби и потрошувачите нема како да се заштитат. Одат во Државниот инспекторат, но без фискална сметка, фактура, доказ за плаќање и не можат да си ги остварат правата. Нашата препорака е - да се внимава од кого се купува и без фискална сметка или друг доказ да не се подига производот што ни е доставен, подвлекуваат од ОПМ.

Веб-продавницата на kajgana.com e основана од тим на дигитални стручњаци специјализирани за интернет трговија и е верификуван е-трговец со безбедно онлајн плаќање.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе