Насер Зибери избран за народен правобранител

Насер Зибери вечерва е избран за нов народен правобранител. „За“ гласаа 61 пратеник од вкупниот број пратеници во Собранието, како и 26 од 41 пратеник од заедниците кои не се мнозинство. На гласањето не присуствуваа опозициските пратеници. Зибери ќе ја наследи функцијата омбудсман од Иџет Мемети.

Откако беше одбиен предлогот на опозициските партии да се изостави од дневниот ред Предлог-одлуката за избор на Народен правобранител, 32-рата седница попладнево продолжи со расправа по предлогот на ДУИ Насер Зибери да ја извршува функцијата омбудсман. Зибери е правник, работи како нотар, поранешен пратеник и министер, а пред шест месеци беше кандидат за премиер од партијата ДУИ која сега го предложи за  функцијата.

Токму тоа беше и најспорно за пратениците од опозициските партии, според кои се работи за „пазарење со кое владејачката партија му враќа на Зибери за неговата услуга да прифати кандидатура за прв премиер Албанец“ на изборите пред шест месеци. Бараа повлекување на предлогот зашто сметаат дека е контрадикторен и неморален бидејќи народен правобранител треба да е аполитична личност.

Со партискиот бекграунд, смета опозицијата, кандидатот ќе нема доверба од јавноста, нема да ги штити интересите на граѓаните кога ќе бараат заштита од државни и јавни институции коишто ги раководат функционери и од ДУИ.

Хусни Исмаили од Алтернатива рече дека со овој предлог се жртвува правдата и иднината на граѓаните. Побара од ДУИ да го повлече предлогот за, како што рече, „да не ја компромотира последната надежна инстутуција“, а и самиот Зибери да се откаже од оваа кандидатура „за да не му остане дамка во кариерата“.

„Го прошетаа во јулските денови по села и градови, ги издржа сите страдања зашто математиката и договорот беше друг и дојде денот да се награди за трудот. Осум години народен правобранител и после да се пензонира. Лично не го познавам, но жалам што кариерата ќе ја затвори со вакви пазарења. Тој секогаш ќе биде заложник на тие што го ставиле на должноста и ова е лоша порака“, рече Исмаили.

Повлекување на предлогот побараа Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците и неговиот сопартиец Халил Снопче, кој рече дека во член 3 од Законот за Народен правобранител е наведено дека кандидатот треба да е независен, а тоа што само пред половина година бил партиски кандидат за премиер рече е уште еден парадокс во нелогичните феномени во државава. Додаде дека независна и непартиска личност за омбудсман е особено важно за заштита на граѓаните во земја со нефункционално судство.

Од ДУИ го бранеа предлогот со укажување дека Насер Зибери ги исполнил условите и дека за кандидат за народен правобранител никаде не е наведено дека не може да се кандидира за премиер.

„Насер Зибери 20 години е нотар, од 2002 година не се занимава со политика, 20 години е независен“, рече  Бедри Фазли од ДУИ зборувајќи за предлогот.

Поддршка за кандидатурата во текот  на расправата искажа и пратеникот Панчо Минов, кој пофално зборуваше за Зибери како правник и пратеник.

Гордана Силјанова-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ го нарече „многу чуден предлог“ со кој  не му се прави добро ниту на кандидатот и неговата кариера.  Од Рим до денеска, рече таа, народен правобранител е аполитична функција и не е важно дали имал пауза во политичкиот живот кога веќе бил министер, пратеник и кандидат за премиер.

„Неприродно е довчерашниот политички статус да се трансформира во граѓански, неутрален и професонален и статус кој треба да им служи на граѓаните да ги штити од лошата администрација. Нема да ги штити некој кој преку партискиот мост постојано ќе биде блиску до администрацијата, а извештаите за нашата администрација велат дека е партизирана, политизирана и поданичка. Ако сте партиски човек, ќе одите по таа траекторија“, рече Силјановска-Давкова.

Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, Општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Бил висок функционер на ППД, а од 1996 до 1998  министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски. Пред да стане политичар, бил новинар. Повеќе години не е активен во политиката и работи како нотар, а за Парламентарните избори во јули минатата година беше кандидат на ДУИ за претседател на Владата, промовиран под слоганот „прв премиер Албанец“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе