Научници открија што всушност се случува кога мачките се лижат

Научникот Алексис Ноел со своите колеги успеала да ја открие тајната на мачкиниот јазик.

Еден ден мачката на Алексис, наречена Марфи, весело се лижела себеси - како што мачките обично и прават. Алексис била фасцинирана од процесот и се запрашала зошто јазикот на мачките е толку добар во отплеткувањето јазли и чистење на крзното. Кога се обидела одговорот да го најде во литературата, сфатила дека научниците горе-доле ја игнорирале чудесната четкичка на мачкиниот јазик.

Поради тоа во својата нова студија заедно со нејзините колеги се обидела да ја открие мистеријата на мачкиниот јазик. Едно од малубројните претходни истражувања покажало дека мачкините јазици се покриени со шпицести испакнатини кои се користат како четкички, додека Алексис со својот тим открила дека овие испакнатини се всушност куки во облик на канџи на чии врвови се наоѓа вдлабнување во облик на латиничната буква „U“.

Кога мачката мирува, четкичките лежат рамно на јазикот завртени кон назад, но кога е време за тимарење, куките се исправаат. Вдлабнатините на врвовите од куките собираат плунка и ја распоредуваат по крзното додека мачката се лиже.

Ваквите испакнатини не се наоѓаат само на јазиците на домашните мачки. Тимот на Алексис успеал да ги испита и јазиците на рис, пума, снежен леопард, тигар и лав. Откриле дека и дивите мачки имаат куки со слична големина и облик, но поголемите мачки имаат многу поголем број на шилци. Иако испакнатините се прилично кратки, сепак на големите мачки им служат за одржување на крзното. Еден исклучок е персиската мачка, чии куки не се доволно големи за да можат да се изборат со долгите влакна на овој вид мачка. Исто така, куките го решаваат проблемот со јазлите на крзното така што при средба со јазол ротираат и го отплеткуваат.

По целодневно тимарење, мачките по своето крзно распоредуваат течност еднаква на петтина чаша вода. Освен што им дава сјаен изглед, преку снимање со термална камера откриено е дека тимарењето прави температурна разлика помеѓу кожата и горниот слој на крзното. На пример, леопардите што живеат во африканските савани редовно се тимарат бидејќи со нанесувањето плунка на крзното ја намалуваат температурата на телото за неколку степени.

Ова истражување ги инспирира научниците да направат своја верзија на мачкината јазична четка. Користејќи 3D принтер, научниците создале мала четка наречена TIGR која ги имитира куките како кај мачкиниот јазик. Научниците веруваат дека новата четка ќе биде полн погодок за сопствениците на домашни миленици, не само мачки туку кучиња и други животни со крзно. Четката би требало и многу подобро да ги собира влакната од мебелот како каучи и фотелји отколку правосмукалките.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе