СЕРИЈА А 2021/22

Не е само Влаховиќ: 3 причини зошто Јуве верува во Скудетото

Полека, но сигурно, Јувентус се враќа во игра за титулата. Иако изгледа дека се бори за 4. место и пласман во Лигата на шампионите, постепеното собирање бодови и бескрајните киксови на конкурентите го донесоа на достигнувачка разлика од 1. место.

„Бјанконерите“ имаа лош старт на сезоната со само 2 освоени бода во првите 4 кола. Но, никој во Серија А не собра повеќе бодови од нив во наредните 23 кола. Воедно, Јувентус е втор зад Наполи по бројот на освоени бодови во 2022 година (Наполи 18, Јуве 16).

„Треба да играме со Интер во Торино. Верувам во титулата. Имаме уште доста натпревари до крајот“, истакна Пауло Дибала синоќа за време на еден настан во Милано.

Иако тренерот Масимилиано Алегри рече дека Јуве не може да ги престигне трите тима кои се на врвот, неговиот тим сега е на 7 бода од водечките Милан и Наполи, а 6 од третопласираниот Интер.

1. Поволен распоред

Според La Gazzetta dello Sport поволниот распоред на Јуве е една од причините кои овој тим го враќаат во игра за Скудетото. Викендов Јуве со победа над Специја сигурно ќе ја намали разликата во однос на водечките бидејќи Наполи и Милан играат меѓусебе во Неапол.

На хартија, најтешките натпревари за Јуве до крајот на сезоната се против Интер (дома, 31. коло), Лацио (дома) и Фиорентина (гости) во последните две кола од сезоната. Повеќето од останатите противници се од вториот дел на табелата, што сепак не гарантира подови бидејќи Јуве сезонава покажа дека знае и тоа како да се мачи против таканречените мали тимови.

28. Јувентус - Специја
29. Сампдорија - Јувентус
30. Јувентус - Салернитана
31. Јувентус - Интер
32. Каљари - Јувентус
33. Јувентус - Болоња
34. Сасуоло - Јувентус
35. Јувентус - Венеција
36. Џеноа - Јувентус
37. Јувентус - Лацио
38. Фиорентина - Јувентус

2. Одлична одбрана

Втората причина е нивната дефанзивна солидност. И покрај многуте повреди на дефанзивците. Јувентус прими само 5 гола на последните 6 натпревари во Серија А, од кои два беа од Емполи минатата недела. Матајс де Лихт е дефинитивно лидер на одбраната на Јуве, а само Реал Мадрид (8) прими помалку голови од Јуве (10) од почетокот на ноември.

3. Револуција во нападот

Третата причина е онаа најочигледната: нивното зимско засилување Душан Блаховиќ. 22-годишниот српски голгетер постигна 4вгола на првите 7 настапи за „Старата дама“, воедно трансформирајќи го нападот на Јуве во екстремно опасен при речиси секој напад. Јувентус не игра спектакуларен фудбал и треба да му пружи подобра услуга на Влаховиќ, но поранешниот напаѓач на Фиорентина е роден голгетер кој веќе направи револуција во „бело-црниот“ напад.

Дали сето ова ќе биде доволно за титула?

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе