Нејмар: Никогаш нема да престанам да се журкам

Бразилскиот виртуоз вели дека би побудалел доколку целото свое време го посвети на фудбалската игра.

Нејмар ги отфрли обвинувањата дека се однесува незрело и инсистира дека е целосно свесен за неговите обврски кон клубот кој дебело го плаќа, но истовремено не може да престане да се забавува бидејќи во спротивно би полудел.

Кога летото 2017 година ПСЖ го донесе во Париз за неговите услуги плати рекордни 220 милиони евра. Оттогаш Бразилецот постигна 83 гола и 46 асистенции на 101 натпревар за „Светците“, освои и 9 трофеи, но многупати заврши и на насловните страници поради однесувањето вон теренот.

„А кој не сака да се журка? Сите сакаат да се забавуваат. Јас убаво знам кога можам да отидам на забава, знам кога можам да го правам тоа, а кога не можам“, си ја отвори душата Нејмар за ESPN.

„Луѓето мислат дека сум незрел, дека не знам што правам, напротив, многу добро знам. Веќе години како сум во фудбалот. Ако останам 100 проценти фокусиран само на играњето фудбал, мислам дека би побудалел. Има време кога е потребна релаксација, смиреност... Никогаш нема да престанам да се журкам“, вели тој.

Нејмар секоја година одржува голема роденденска забава на која кани куп фудбалери како и други познати личности. Минатата година заради таквата забава се спречка со тогашниот тренер Томас Тухел кој обвини дека таквите настани се непотребни застранувања за неговиот тим.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе