Некои луѓе ни по две години се немаат заразено со корона, еве што ги штити

Пандемијата на COVID-19 влијае на сите животни аспекти во последните две години. Присутни се константен страв од зараза, па потоа и од карантин, изолација, закрепнување и потенцијални пост-ковид симптоми. Сепак, некои луѓе успешно избегнуваат зараза со ковид.

Додека милиони луѓе низ светот се соочија со инфекција од коронавирусот, други изградија имунитет преку вакцини, но постојат и луѓе кои никогаш не биле заразени.

Новите истражувања сугерираат дека тие едноставно се многу поотпорни на инфекција за разлика од останатите. Поради тоа, многумина се прашуваат зошто одредени луѓе не се заразуваат од вирусот SARS-CoV-2?

Не постои официјална причина зошто некои луѓе можат да бидат отпорни на инфекција со COVID-19, дури и ако имале близок контакт со заразено лице. Но, ново истражување спроведено на Универзитетскиот колеџ во Лондон може да го расветли ова прашање, во одредена мера.

Реакција на Т-клетките по настинка

Ова би можело да биде поврзано со реакција на нивните Т-клетки, белите крвни зрнца во нашите тела кои ни помагаат да се бориме против инфекции и поради претходна изложеност на други корона вируси како што е обичната настинка.

Истражување од ноември, 2021 година сугерира дека Т-клетките настанати кај некои луѓе во текот на настинка може да се активираат кога вирусот ќе влезе во телото. Тоа помага луѓето да го исчистат вирусот од телото пред да направи сериозна штета. Студијата е спроведена на 730 здравствени работници во текот на првиот бран на пандемијата, а резултатите покажале дека 58 од нив не биле позитивни на COVID-19 и покрај тоа што биле во опкружување со висок ризик,

Се смета дека истражувањето може да се користи за правење нови вакцини кои ќе се фокусираат на Т-клетките наместо на антителата, што потенцијално би дало долготрајна заштита.

Секако, и други фактори се во обѕир за избегнување на зараза како што се ограничувањето на социјални контакти, редовно миење раце, вакцинација и носење маски во јавниот превоз.

„Важно е сите да направиме сè што е можно за да се заштитиме себеси и другите“, велат од Националниот завод за јавно здравје на Велика Британија.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе