Нема нови ковид мерки, граѓаните да ги почитуваат актуелните

Комисијата за заразни болести вчера одржа состанок на којшто ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата, при што не препорача воведување на нови рестриктивни мерки, само апел до граѓаните за совесно однесување и почитување на мерките кои се во сила, односно задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и згрижувачките установи.

Фото: КАЈГАНА

– Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи за 8,5 проценти, што е значително понизок пораст споредено со претходната недела – 55,7 отсто и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор, се вели во соопштението.

Комисијата посочува дека од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски.

– Останува силната препорака за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на метеж и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против COVID-19, апелира КЗБ.

Нови 739 случаи, едно починато лице

Според последните информации од Министерството за здравство, од 1.570 направени тестови, регистрирани се 739 случаи на COVID-19, од кои 153 се реинфекции. Оздравени се 659 пациенти, а вчера беше пријавено едно починато лице од Скопје на 73-годишна возраст. Лицето е починато во болнички услови. Во моментов активни се вкупно 4.218 случаи, информира вчера Министерството за здравство.

Од вкупниот број нови случаи, во Скопје се регистрирани 262 случаи, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, а на починати 9.388 лица.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Read more

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Read more

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Read more

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Read more
 

Вести

  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе