Нема зголемен број заболени ученици и наставници, има протокол за полагање матура

Во најголем дел од државата немаме зголемен број  заболени наставници и ученици за да се преземат одредени мерки, изјави денеска претседателот на Комисија за заразни болести Жарко Караџовски.

„Во државата има околу 40.000 ученици кои се опфатени во фазата на едукација. Во моментов знаете дека функционира со физичко присуство од прво до трето одделение.Во најголем дел од државата немаме зголемен број  заболени наставници, учители и ученици, што би било сигнификантен број за да се преземат одредени мерки за намалување на опцијата дека треба да се едуцираат со физичко присустсво, рече Караџовски на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Како што посочи, според последните информации, во скопското училиште „Владо Тасевски“ има неколку професори и ученици кои се инфицирани, и тоа, како што додаде, го очекуваат, но тоа не е таква бројка за да може да се запре наставата во сите училишта во државата.

„Апсолутно ја следиме состојбата во државата, имаме непосреден контакт со Министерството за образование и наука, со Министерството за здравство и ако дојде некој допис до Комисијата за заразни болести ние тогаш реагираме во делот на проверка на тие факти. Но, тоа не е сигнификант број за сите основни училишта во државата за да се запре процесот на едукација“, рече тој.

Во однос на полагање матурски испит за календарската 2020/21 година, Караџовски рече дека во Комисијата за заразни болести е доставен допис за организација на матурата.

„Тој допис е разгледан, со протоколот кој ние го направивме, го дадовме нашето мислење до Министерството за образование и наука ако треба и на кој начин, користејќи ги кои средства и мерки да се организира и полагањето на државна матура во оваа календарска година“, рече Караџовски.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе