Необично фантастичен вкус: Пилешко со ананас во слатко-кисел сос

Направете превкусно пилешко со тоа што ќе му додадете ананас, а така подготвено ќе им се допадне на сите.

Доколку сакате да експериментирате со храната, ви предлагаме да пробате пилешко со ананас во слатко-кисел сос. Оваа необична комбинација на состојки го прави јадењето апсолутно неодоливо, а колку и да изгледа дека овие состојки не одат заедно, тие се одлична комбинација. Можете да направите пилешко на милион начини, но дефинитивно е највкусно со ананас и пиперки во слатко-кисел сос. Послужете за ручек со ориз или тестенини.

Потребни состојки:

  • 300 гр бело месо
  • 1 лажичка слага пипер
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 1 кромид
  • 1/2 жолта бабура
  • 1/2 црвена бабура
  • 5 прстени ананас од конзерва
  • масло
  • сол
  • бибер

За сосот:

  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажица кечап
  • 1 лажица слатко-кисел сос
  • 1 лажица оризов оцет
  • 3 лажици соја сос
  • 1 чешне лук
  • власец

Подготовка:

Пилешкото исечкајте го на коцки, а потоа посолете, бибер и зачинете со блага пипер. Додадете скроб и сè добро измешајте. Во длабока тава со малку загреано масло пропржете го месото. Кога месото ќе се испржи, извадете го од тавата, па додадете крупно исечкан кромид. Кога кромидот малку ќе омекне, додадете ги крупно исечканите бабури, како и ананасот. Во сад измешајте ги шеќерот, кечапот, оризовиот оцет, слатко-киселиот сос, соја сосот и толчениот лук. Додадете го пилешкото во тавата со овошјето и зеленчукот, па истурете го сосот. Промешајте и пржете уште неколку минути. На крај посипете со сечкан власец.

Remote video URL
реклама

Рецепти

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more
 

Магазин

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе