Несоница довела до оставката на папата Бенедикт XVI во 2013 година

Починатиот папа Бенедикт XVI како главна причина за оставката ја наведе несоницата, се наведува во неговото писмо, чија содржина денеска ја пренесоа германските медиуми.

Од почетокот на неговиот понтификат, Бенедикт речиси „постојано“ го мачела несоница, се наведува во писмото напишано неколку недели пред неговата смрт.

Во писмото до неговиот биограф Петер Зевалд, до кое дојде германското списание Focus, Бенедикт вели дека „јаките“ таблети што ги препишал неговиот лекар му овозможиле да ги исполни своите должности на папа.

Тие лекови, меѓутоа, „дојдоа до своите граници“, наведува тој во писмото од 28 октомври минатата година.

Несреќата за време на посетата на Мексико и Куба во март 2012 година ја забрза неговата одлука да се повлече. На првото утро од тоа патување, Бенедикт го нашол своето марамче „целосно натопено во крв“.

„Веројатно удрив во нешто во бањата и паднав“, напишал Бенедикт во писмото.

По тој инцидент, лекарот побарал намалена употреба на апчиња за спиење и инсистирал Бенедикт на идните патувања да учествува само во утринските настани.

Меѓутоа, набрзо на папата му станало јасно дека ќе може да ги почитува овие медицински ограничувања само „кратко време“, што го натерало во 2013 година да објави дека се повлекува од должноста.

Бенедикт XVI, роден како Јозеф Рацингер, го шокираше светот со својата објава дека станал првиот папа по речиси шестотини години кој се откажа од своите должности.

Самиот си ја одреди титулата „почесен папа“ и продолжи да живее во Ватикан, со неговиот наследник Франциск.

Почина на 31 декември 2022, ослабен од болеста.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Свет

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Read more

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Read more

Украински командант најави контраофанзива

Read more
 

Вести

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Читај повеќе

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Читај повеќе

Поскапе патарината во Србија

Читај повеќе

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Читај повеќе

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Читај повеќе

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Читај повеќе

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Читај повеќе

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Читај повеќе