Никогаш радост - кратка приказна за навивачката група чија репрезентација никогаш не победила

Brigata Mai 1 gioia - или навивачка група Никогаш радост - е симпатичното име на групата навивачи на Сан Марино, кои ја следат својата фудбалска репрезентација насекаде, вклучувајќи го и саботниот натпревар на гости во главниот град на Северна Ирска, Белфаст, кој заврши со очекувана победа од 3:0 за домаќините.

Да, никогаш не се радуваат (или многу малку) во однос на резултатите: фудбалската репрезентација на петтата најмала држава во светот - која ја зазема 207. позиција на ранг-листата на ФИФА, односно последната - во својата историја (која започна во 1988) може да се пофали со само една победа: 1:0 над Лихтенштајн во 2004 година, со гол од слободен удар на Анди Селва (рекордер по голови во историјата на Сан Марино со 8 гола).

Останатите успеси на најслабата европска репрезентација се само 8 нерешени (последните две во 2022 година против Света Луција и Сејшелите), а сѐ друго се порази.

Но, на верните навивачи тоа не им е грижа: тие се секогаш на трибините, без разлика на сѐ.

„Прекрасно патување“, пишуваат момците од Brigata Mai 1 gioia на својата Facebook страница. „Како и секогаш, срцето е важно, а не резултатот. И на крајот од натпреварот сите играчи дојдоа да нѐ поздрават 💙. Сега си одиме дома✈️🇸🇲. Напред Титани“.

Со оглед на тоа што навивачката група е формирана во октомври 2012 година, долго по таа победа над Лихтенштајн, овие момци се фалат со тоа што никогаш не ја виделе нивната репрезентација како победува. Оттогаш Сан Марино одигра 133 натпревари - и никогаш не ги израдува своите навивачи.

„Ние не сме ниту херои, ниту голијати. Ни сме само едноставни навивачи со страст за фудбал, за чист спорт и за пријателство меѓу народите“, велат од групата навивачи.

URL

Но, тие се секогаш насмеани на трибините. А, кога Сан Марино ќе постигне гол, што исто така многу ретко се случува, на нивната трибина е делириум. И по пораз од 5:1 тие дома си одат среќни и задоволни, слават во локалните санмарински тратории, бидејќи Сан Марино постигнал гол - нешто што за сите останати е многу обична работа.

„Поразите (понекогаш тешки) не нѐ плашат: секогаш ќе бидеме со репрезентацијата на Сан Марино, што и да се случи!“

Интересно е тоа што во нивната навивачка група нема само локални Санмаринци, туку и по некој Италијанец и двајца Германци.

За нив резултатот одамна не е важен (макар да секој бод им е премија), туку да покажат наклонетост и присуство, да ја споделат страста за овој спорт со други земји и култури, во име на спортскиот дух и забавата.

Новинарот Елиа Горини од San Marino RTV објаснува каков е фудбалот во Сан Марино:

„Фудбалот во Сан Марино е аматерски. Огромното мнозинство на фудбалери играат во аматерски тимови помеѓу лигата на Сан Марино и Серија Ди (италијанската четврта лига, заб. на прев.). Единствените професионалци во моментов се Нани и Фабри од Олбија (Серија Чи). Виктор Сан Марино е клуб кој според законот на Сан Марино учествува во италијанската Серија Ди. Во тимот има двајца репрезентацивци, Лаѕари и Този. Не е лесно да се добие државјанство од Сан Марино. Со брак се стекнува по 10 години постојан престој. Ди Мајо е најновиот пример по хронолошки редослед. Инаку мора да си роден во Сан Марино или да имаш роднина. Државјанството може да се добие и со престој, но времето е подолго од 10 години. Типичното прашање е: зошто не дадете спортски пасоши? Ако размислите за тоа, би било неправедно за другите спортови, фудбалот не може да биде исклучок и дополнително не би било фер за сите други луѓе кои живеат или работат во Сан Марино“, објаснува Горини.

Сан Марино сигурно не би бил последен на ранг-листата на ФИФА доколку би можел да си дозволи често да игра против репрезентации од другите континенти, бидејки низ светот има многу што се на негово ниво, па и послаби.

„Сан Марино е земја со 33 илјади жители каде во последните години се родени помалку или повеќе 200 деца. Бројките не го фаворизираат развојот на фудбалот. Останатите примери кои често се наведуваат имаат различни правила за државјанства. Фарските Острови, на пример, зависат од Данска. Лихтенштајн не е во добар момент, всушност избра да не учествува во квалификациите до 21 година во овој меѓународен двегодишен период. Токму против Лихтенштајн ремизиравме во Лигата на нации. Екипите во лигата на Сан Марино немаат претседатели како традиционалните, односно претприемачи кои инвестираат со финансирање од сопствени компании. Затоа, економската достапност на клубовите се заснова и на федералните придонеси и спонзорства. А за натпреварите, како што некои велат, играњето во Европа е потешко отколку на другите континенти. Организирањето на трансконтинентални пријателски натпревари не е лесно, токму поради особеноста на движење кое вработува фудбалери/работници“.

„Живеам и работам во Сан Марино, во близок контакт сум со спортот на Сан Марино, и покрај нашите ограничувања и дефекти, нашата реалност сè уште е спорт направен од страст, каде што концептот на Дресот сè уште е важен. Тогаш, ако размислите за тоа, сепак е потребна одредена доза на волја и храброст да се излезе на теренот пред 80.000 навивачи на 'Вембли', 44.000 навивачи во Нирнберг или 38.000 навивачи во Копенхаген“, завршува Горини.

Brigata Mai 1 gioia никогаш не дошла во Скопје. Македонија и Сан Марино никогаш не одиграле натпревар бидејќи никогаш не биле извлечени во иста група во квалификации, било за ЕУРО било за Мундијал, не се паднале во Лигата на нации, ниту пак закажале пријателска.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе