Никола Карев во бронза наместо во мермер, преплатен со 45 милиони денари

Случајот „Феникс” кој го обелодени Обвинителството, од пепел повторно го крена контроверзниот случај „Скопје 2014”.

На површина излегоа многу небулози и криминал во неговото спроведување. Случајно или намерно птицата феникс е заштитниот знак на Општина Центар, преку која одело се, иако, првата грешка е направена со заобиколување на Законодавниот дом како надлежно кога се работи за споменици од интерес за државата.

Еден од почистите случаи прелу кој се гледа јасно дека реализацијата на проектот се одвивала на начин на кој се создава простор за нерегуларности и злоупотреба на буџетските средства е скулптурата на Никола Карев поставена пред Собранието.

Лиењето првично требало да чини 5 милиони денари и да биде во бронза. Но, потоа некој се премислил и го сменил огласот за јавна набавка и скулптурата требало да биде во мермер и да чини 45 милиони денари. Сите 45 милиони денари биле потрошени, а споменикот како што секој може да види не е во мермер туку е во бронза. И ова е само еден пример.

Споменици никнуваа на сите страни, но никој не вршеше контрола како и кој е одговорен за ненаменското и безмилосно трошење пари од граѓаните.

Во истрагата на обвинителството „Феникс“ опфатени се 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании. Се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од „Скопје 2014“ – воинот на коњ, спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов – Ченто, Цар Самоил, Гемиџиите, Цар Јустинијан, прво заседание на АСНОМ и споменик за основачите на ВМРО и лавовите.

Кривичниот суд, доцна синоќа на ексградоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ му одреди куќен притвор за предметот. Одредени беа и четири ефективни притвори, од кои еден е за експретседателот на Советот на општина Центар, Владимир Здравев. Другите се за Љ.Б., А.З. и З.П.

Меѓу осомничените се и експремиерот Никола Груевски, ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска и ексминистерот за финансии Зоран Ставревски.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе