Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи увоз додека не се откупи домашниот тутун

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) – Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборната единица 4 Александар Николоски денеска од Прилеп истакна дека остануваат клучните ветувања поврзани со земјоделството, пред се со откупот на тутунот.

ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски, нема да дозволи увоз додека не се откупи домашниот тутун.

– Ќе повторам на првата седница на влада изгласување на закон со кој што ќе се забрани кило тутун да се увезе во Македонија пред целосно да се откупи домашниот тутун. Во исто време, пред недела дена споменав, но еве недела дена помина и немам никаков одговор да го поставам повторно прашањето директорот на тутунскиот комбинат поставен од владата, тутунскиот комбинат целосно во сопственост на државата зема нето 3.5000 евра плата, бруто 5.500 евра плата. Како е тоа возможно во услови кога земјоделците и тутунарите едвај врзуваат крај со крај, рече Николоски, додавајќи дека тоа е нешто за што мора да има одговорност.

Тој нагласи дека ќе работат за брза реализација на автопатско поврзување на Велес, Градско, Прилеп, Битола до грчка граница. Додаде дека ќе има средба со културните работници во Прилеп, затоа што таму планираат да изградат нов објект за театарот. Старата чаршија која во изминатиот период се повеќе е затворена, вели тој, целосна ревитализација во периодот кој што доаѓа.

– Едно од основните ветувања од нашата програма е враќање на владеењето на правото, како еден од најзначајните проекти е проектот за испитување на потекло на имот и капитал на сите носители на јавна функција во изминатите 30 години. Јавно го повикувам Зоран Заев да излезе во јавност и да каже дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство кое во изминатите 18 години колку што тој е вкупно на функција стана најбогато семејство во Македонија, нагласи Николоски, кој го повика Заев на ТВ-дуел.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на ЕУ, Николоски рече дека посакува час поскоро земјава да добие датум за почеток на преговорите.

– Јавно да прашам кој е датумот на кој Македонија ќе почне со преговори со Европската унија? Јас посакувам да е тоа час поскоро, добро е за државата, добро е за сите нас и ние тоа сакаме да се случи , но во овој момент тажната вистина е дека три години Македонија со Зоран Заев не добива датум за преговори, рече Николоски.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе