Никому не му паѓа на памет да ја укине Катедрата по македонски јазик, истакна Заев

„Јавно беше објавено и од Катедрата за македонски јазик и од соодветниот Факултет на кој е оваа катедра, дека нема никакви планови за нејзино укинување и никому не му паѓа на памет такво нешто“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги информациите за наводни планови за укинување на Катедрата.

Тој потенцира дека оваа година кога одбележуваме сто години од раѓањето на Блаже Коневски и ја славиме годината на македонскиот јазик, Катедрата и македонистите работат на дополнителна афирмација на јазикот, како и за упис на повеќе студенти на оваа Катедра.

„Се работи и на дигитализација и афримација на македонскиот јазик во светот“, истакна Заев, додавајќи дека тоа е со цел да им се олесни на децата на нашите иселениците полесно да го учат јазикот, како за негова афирмација во архивите, библиотеките и другите институции во ЕУ.

Одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на новиот изглед на Универзалната сала во Скопје, околу „одбивањето на МАНУ за вметнување Северна Македонија во името“, Заев нагласи дека Преспанскиот договор мора да се почитува.

„Преспанскиот договор е закон. Неговата ратификацијата е направена во Собранието и тој е закон, а законот мора да се почитува. Кога од МАНУ побараа да ги повлечеме измените на законот, ние ги повлековме без да прашаме зошто“, додаде Заев.

Тој нагласи дека согласно Преспанскиот договор имаме законски рокови кои мора да се почитуваат и сите институции финансирани од државата мора да го променат своето име, а МАНУ, како што додаде, е една од тие институции.

„Најдено е многу убаво решение во разговор и договор со Грција и верувам дека ќе се најде решение и за оваа работа. Законот мора да се почитува и овде“

, додаде Заев. 

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more
 

Вести

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Читај повеќе
  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе