Нојер објави дека има рак на кожа - правел три операции

Голманот на минхенски Баерн, Мануел Нојер, сподели со спортската јавност информација со каква болест се борел.

Германецот објави дека имал рак на кожата на лицето и дека поради тоа морал да се оперира три пати.

Во видеото кое го објави на Instagram, а во кое зборува заедно со Грен слем шампионката Анжелик Кербер по повод новиот производ за нега на кожа Newkee, славниот голман откри нешто кое никој во фудбалскиот свет не го знаеше.

„Двајцата имаме многу лична историја на кожни болести. Во случајот на Анжелик се работи за хиперпигментација поврзана со сонцето, додека во мојот случај тоа е рак на кожата на лицето поради што беше потребно да ми се направат три операции“, рече Нојер.

„Токму поради тоа моравме да водиме специјална грижа и да не правиме компромиси кога станува збор за заштита од сонцето: бидејќи секогаш сакам да тренирам на отворено, но и да го поминувам слободното време во природа“, додаде тој.

Нојер, кој сега има 36 години, никогаш претходно не открил дека има рак на кожата, поради што останува нејасно кога отсуствувал од терените поради оперативните зафати.

„Кога станува збор за кремите за сончање, внимававме на максимална запштита. Моравме да бидеме сигурни дека со нас имаме крема за сончање која континуирано нѐ штити и со која речиси ништо не може да ни наштети“, изјави тенисерката.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Manuel Neuer (@manuelneuer)

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе