Норвешка не го дава Rolls-Royce бизнисот на Русите

Норвешка ја прекина планираната продажба на имотот на производителот на мотори Rolls-Royce во земјата на компанија под руска контрола.

Причината за тоа, како што се наведува, е проценка на безбедносните импликации на тој бизнис врз националната морнарица, соопшти денеска норвешкото Министерство за правда.

Норвешката агенција за безбедност (NSM) ја проценува продажбата на Bergen Engines во вредност од 150 милиони евра (178 милиони долари) на компанија контролирана од руската групација TMH, објави норвешкото министерство, пренесува Reuters.

Rolls-Royce ја соопшти продажбата на оваа фабрика на 4 февруари како дел од планот за деинвестиција, кој има за цел да му овозможи на британскиот производител на авиони и морски мотори да ја преживее кризата предизвикана од пандемијата со COVID-19.

Bergen Engines е, меѓу другото, и снабдувач на норвешката морнарица, која е членка на НАТО.

„Има значителни несигурности во однос на интересите на националната безбедност што треба да се решат“, рече на прес-конференција норвешката министерка за правда, Моника Меланд, додавајќи дека поради тоа е потребно да се одложи продажбата за некое време.

Таа исто така рече дека не знае каков ќе биде заклучокот од безбедносната проценка.

URL

Сите тековни активности за претпазливост при продажба на компанијата исто така ќе бидат ставени во мирување сè додека трае процесот на проценка на безбедноста, се вели во соопштението на норвешкото министерство.

Портпарол на Rolls-Royce изјави дека компанијата навреме испратила соодветно предупредување до норвешката влада пред да ја објави продажбата на Bergen Engines.

„Сепак, разбираме дека норвешката влада сега сака дополнително да го испита овој договор и Rolls-Royce ќе соработува во таа ревизија на секој можен начин. Како што беше побарано, го прекинавме процесот на продажба“, рече портпаролот.

Руската групација TMH не одговори веднаш на барањето на Reuters за коментар.

Bergen Engines произведува бензински и дизел мотори со средна брзина за клиенти во бродската и енергетската индустрија и вработува околу 950 лица. Компанијата оствари приход од 239 милиони фунти во 2019 година, според податоците на Rolls-Royce.

Акциите на Rolls-Royce денес напладне паднаа за 0,9 проценти.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе