Нов дигитален македонски туристички водич

Презентација на дигитален маркетинг во туризмот и практична обука за користење на новата дигитална платформа „Македонски Туристички Водич“, беа денеска организирани од Сојузот на стопански комори на Македонија, како дел од активностите на потпроектот „Промоција на информатички технологии за развој на туризмот“, финансиран во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК).

– Во изминатиот период континуирано со членовите на Сојузот се согледуваа предизвиците со кои се соочени во време на криза, со цел изнаоѓање на соодветни мерки за поддршка и ублажување на нејзините ефекти врз стопанството. Потребата од дигитализација се покажа за неопходна при адаптација на новите услови, со сите пропратни алатки и можности во секојдневното работење на компаниите. Организиравме презентација за поддршка и зголемување на искористеноста капацитетите во секторите туризам и угостителство, со цел да се зголеми искористеноста на дигиталната платформа „Македонски туристички водич“, изјави Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителска комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија.

Тој се надевам дека платформата ќе биде најпрепознатлива за сите релевантни податоци за туризмот од нашата држава.

На презентацијата учесниците се запознаа за состојбата и трендовите во туризмот во последната деценија и состојбите од аспект на дигитализацијата, со цел трансформација на туристите од „пасивна публика“ во активни учесници кои креираат содржина, соработуваат и придонесуваат за туризмот.

Од ССК истакнуваат дека била потенцирана важноста што голем дел од туристите знаат што бараат и имаат потреби и желби за специјализирани туристички производи, кои најчесто ги бараат преку интернет.

– Затоа учесниците се запознаа со информациите и можностите за зголемување на користењето на дигиталниот маркетинг, креирање и промоција на различни содржини, оптимизацијата и можностите, трендовите и препораки за маркетинг преку социјалните мрежи, велат од ССК.

Оттаму информираат дека била презентирана и новата веб ГИС апликација за развој на туризмот „Македонски туристички водич“ која претставува интеграција на просторни податоци релевантни за туризмот и овозможува корисниците да може да пребаруваат разни категории и податоци за туризмот.

– Преку апликацијата www.tourism.mk секој може да пронајде локација од интерес, да го испланира своето патување, да генерира рута од една до друга точка, да идентификува интересни попатни локации на таа рута и да ја истражи околината, истакнуваат од ССК.

Презентацијата е реализирана во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран од Европската Унија администриран преку Светската Банка, а се спроведува преку Кабинет на заменик-претседателот на Владата задолжени за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе