Турција претпладнево во 10 часот беше потресена од нов силен земјотрес, што, според ЕМСЦ (EMSC), имаше магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 5 километри, на 11 километри јужно од градот Малатија.
Засега нема информации за штети и повредени. Земјотресот бил почувствуван и во околните провинции.
Бројот на загинатите како последица на разорните земјотреси што ја погодија Турција на почетокот на месецот се зголеми до 44.374.