Нова драма во Австралија: Да за Руси и Белоруси, неизвесност за Ѓоковиќ

Директорот на Австралија опен, Крег Тајли утрово ѝ се обрати на јавноста и откри дека руските и белоруските тенисери ќе имаат право на настап на првиот Грен слем турнир во сезоната 2023, додека ситуацијата околу Новак Ѓоковиќ е неизвесна.

Една од најважните вести во светот на спортот годинава беше забраната која му беше изречена на Новак Ѓоковиќ за влез во Австралија. Тогаш најдобриот тенисер на светот беше депортиран од оваа земја и му беше забрането учество на реномираниот Австралија опен.

Затоа, постои можност во јануари следнава година да имаме нов спортско-дипломатски скандал и драма. Овојпат ситуацијата ќе биде уште посложена, бидејќи руските и белоруските тенисери добија забрана за настап на некои турнири поради воената агресија врз Украина на нивните земји.

Според зборовите на директорот на Австралија опен, Крег Тајли, Русите и Белорусите не мора да се грижат за својот настап на првиот Грен слем турнир во новата сезона.

„Во моментов, руските и белоруските тенисери ќе имаат право да играат на Австралија опен. Единствената разлика е во тоа што тие нема да играат под свои знамиња. Тие мора да бидат независни играчи“, изјави Тајли за новинарите.

Најголемо внимание привлече ситуацијата со Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер не е толку сигурен за настапот и се наоѓа во специфична ситуација бидејќи има тригодишна забрана за влез во земјата откако на почетокот од ова агодина влезе во Австралија без сертификат за примена вакцина против COVID-19, по што беше ставен во карантин, а потоа и депортиран.

„Што се однесува до нас, Ѓоковиќ е добредојден. Но, тој мора да го реши својот проблем со австралиската Влада. Не сум имал никаков контакт со властите и нема да лобирам во име на српскиот тенисер. Тие мора да го решат проблемот, а ние потоа ќе ги следиме инструкциите“, додаде Тајли.

URL

Иако има уште многу време до Австралија опен, веќе се зборува дали Ѓоковиќ ќе има право на настап на турнирот на кој го држи рекордот. Го пропушти последниот Австралија опен затоа што не беше вакциниран, а може да ги пропушти и наредените два бидејќи во сила му е тригодишната одлука за забранет влез во државата.

111-тото издание на Австралија опен ќе се одржи во втората половина на Јануари, а бранител на тронот е Рафаел Надал. Рекордер по бројот на триумфи е токму Ѓоковиќ со 9 освоени пехари (2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020 и 2021).

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе