Два силни земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени во вечерните часови ја погодија провинцијата Хатај во Турција.
Многу емотивно обраќање имаше новинарката на CNN Turk Бусе Девирен, која во живо ги пренесуваше реакциите од кампот во кој се наоѓаат преживеаните од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари.
Таа рече дека за време на земјотресот печките во шаторите се превртиле и дека луѓето бегаат од шаторите, што може да се види на видеото. Меѓу преживеаните владеела паника.
Во еден момент новинарката се расплака од пресилни емоции. Како изгледаше сè, можете да видите во видеото.