Новиот 720S GT3 Evo на McLaren изгледа фантастично

McLaren го претстави својот целосно нов 720S GT3 Evo за Светскиот шампионат на издржливост на ФИА (WEC) и не е изненадување што изгледа фантастично.

Автомобилот носи нова црна и портокалова боја, доби масивни доводи за воздух од двете страни и сет на продолжени крила, лаковите на тркалата се позаоблени, а бандажите имаат гуми Goodyear наместо оние на Pirelli од минатата сезона. Натпреварувачкиот пар болиди ќе ги носи броевите 65 и 95, што ја означува победата на McLaren на Ле Ман во 1995 година со моделот F1 GTR.

Покрај огромните браници и сплитер, кои се забележително поагресивни од претходникот, пошироко е и задното крило.

Сè уште нема информации за подобрувања на 4,0-литарскиот твин-турбо V8 мотор на M840T, но би можел да развие помеѓу 550 и 600 КС. Повеќето GT3 болиди се фокусирани на аеродинамични трикови наместо на брутална сила за постигнување на најдобри времиња, затоа очекувајте само надворешните подобрувања на McLaren да го подобрат времето на патеката за секунда или две.

Ова ќе биде прв пат McLaren да се натпреварува на сите три Triple Crown трки во иста година, откако во минатото победи на секоја од нив поединечно.

Новата WEC сезона започнува на 2 март во Катар, а шестчлениот екипаж на McLaren ќе учествува на 8 трки, вклучувајќи го и Ле Ман, каде McLaren не бил од 1997 година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе