Новиот суперспортски двосед на Pagani се крие зад името Utopia

За создавањето на Utopia, легендарниот Орасио Пагани се консултирал со сопствениците на неговите претходни модели кои сакале автомобилот да биде едноставен, лесен и забавен за возење.

Pagani го претстави сериското издание на својот нов суперспортски двосед, кој во развојната фаза се криеше зад ознаката C10, а официјалното име на автомобилот е инспирирано од книгата „Утопија“ напишана во 1516 година од филозофот и хуманист Томас Мор.

Во развојот на Utopia, која италијанската компанија првично ќе ја произведе во 99 примероци, Орасио Пагани се консултирал во сопствениците на неговите претходни суперспортски модели кои инсистирале неговиот нов автомобил да биде едноставен, лесен и забавен при возење.

Информации за цената и почетокот на испораките сѐ уште не се објавени, но се знае дека минималистичкиот дизајн на Utopia (чија тежина изнесува 1.280 килограми) ќе го покренува централно сместениот 6-литарски V12 мотор на AMG кој со помош на два турбополначи развива повеќе од 860 КС при 6.000 вртежи во минута и 1.100 Nm максимален вртежен момент достапен од 2.800 до 5.900 вртежи во минута.

За пренос на силата на задната оска купувачите ќе можат да избираат меѓу автоматски и мануелен менувач, и во двата случаја со 7 степени на пренос, а Pagani тврди дека во моментов никој нема автоматски менувач кој оди побрзо од една брзина во друга.

Utopia се наоѓа на интересни 21 и 22-инчни централни тркала (со гуми Pirelli P Zero Corsa) зад кои се наоѓаат Brembo карбон-керамички сопирачки, а погледот во кабината покажува дека доминираат аналогните инструменти. Со оглед на сите работи, јасно е дека Орасио Пагани ги почитувал желбите на своите претходни клиенти, кои веројатно повторно ќе застанат во ред.

Компанијата Pagani Automobili е формирана во 1992 година од страна на Аргентинецот со италијанско потекло, Орасио Пагани. Седиштето се наоѓа во малото гратче Сан Чезарио сул Панаро близу Модена во северниот дел на Италија.

Фото галерија

реклама

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе