Новоизбраниот премиер на Каталонија вети дијалог со Мадрид

Левичарскиот поборник за независност на Каталонија, Пере Арагонес (38), синоќа беше избран за претседател на каталонската регионална Влада, при што вети дека преку дијалог автономната покраина ќе се отцепи од Шпанија.

„За“ Арагонес гласаа 74 од 135 пратеници. Тој е избран само пет дена пред крајниот рок за формирање влада.

Засега не е можно едностраното прогласување на Република Каталонија. Каталонска републиканска левица (ЕРЦ) на Арагонес во 2017 година учествуваше во организирањето референдум за независност, што беше забранет од шпанскиот Уставен суд. Обидот заврши со осуди и затворски казни за организаторите.

ЕРЦ и десноцентристичката партија Заедно за Каталонија (ЈхЦат) која се залага за независност дури на 19 мај успеаја да се договорат за коалициска влада. Изборите се одржаа на 14 февруари и ако до 26 мај не договореа влада ќе се организираа нови парламентарни избори.

Најголем предизвик за Арагонес ќе биде надминување на разликите помеѓу ЕРЦ и ЈхЦат за независноста на Каталонија. Двете партии сè уште немаат постигнато договор за следниот чекор кон посакуваната независност.

Шпанскиот премиер Педро Санчес, кој е против независноста на Каталонија, минатата година отпочна разговорите со каталонската Влада, чиј потпретседател беше Арагонес. ЕРЦ го поддржа социјалистот Санчес во шпанскиот Парламент на почетокот на 2020 година, кога му беше доделен нов мандат.

Владата на Санчес соопшти дека ќе ги продолжи разговорите веднаш штом ќе се формира нова влада во Каталонија. Иако разговорите се очекува да продолжат наскоро, позициите за референдумот и независноста остануваат целосно спротивставени.

На изборите во февруари, Социјалистичката партија на Санчес освои најмногу гласови во Каталонија, но недоволно за самостојно формирање влада. После тоа, трите партии за независност, со повеќе од половина од своите места во Парламентот, одлучија заедно да формираат влада.

И Каталонците се поделени за независноста на автономната шпанска покраина, со тоа што со мала преовладува мнозинството кое е за независност.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе