Менаџерот на Челси, Френк Лампард не го издржа поразот на својата екипа и немоќта во еден дел од мечот против Ливерпул.
Френк Лампард очигледно беше подготвен да ја расипе прославата на Ливерпул. Тој се побуни за досудениот фаул, за кој сметаше дека не постои.
Откако слушна реакции од клупата на Ливерпул за неговиот коментар, тој дури и отиде на клупата на „Црвените“, додека делегатот застана пред него и го спречи да направи сериозен скандал.
Јирген Клоп исто така се обиде да го смири, но Англичанецот го прекори да не се меша.
„Немаше фаул, не те прашувам тебе“, му рече тој на Клоп, по што следеше уште едно скандалозно пцуење.
„Црвените“ синоќа пехарот го земаа во голем стил. Со 5:3 го совладаа Челси на „Енфилд“ и тоа пет различни играчи постигнаа голови: Наби Кеита, Трент Александер-Арнолд, Џорџињо Вајналдум, Роберту Фирмину и Алекс Окслејд-Чејмбрлејн. За Челси погодија Оливје Жиру, Тими Ејбрахам и Кристијан Пулишич.
Погледнете сами како се однесуваше Лампард: