УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Очајниот Манчестер Јунајтед испадна од ЛШ, Севиља нема да ја освојува ЛЕ

Со синоќешните натпревари завршија четирите групи од Лигата на шампионите, па се ближи крајот на битката за нокаут фазата од најелитното фудбалско натпреварување во Европа.

Група А

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед веќе по групната фаза го завршија катастрофалниот настап во Лигата на шампионите, бидејќи со синоќешниот пораз од Баерн натпреварувањето во групата А го завршија на последното место.

„Црвените ѓаволи“ ги пречекаа „Баварците“ на „Олд Трафорд“, а за минување им беше потребна победа заедно со реми во пресметката меѓу Копенхаген и Галатасарај на „Паркен“. На крајот беа далеку од тоа сценарио (загубија 0:1) и од оваа група во осминафиналето на Лигата на шампионите се пласираа Баерн и Копенхаген, бидејќи данскиот клуб го совлада Галатасарај со 1:0 во директна пресметка за второто место.

Баерн беше подобриот противник на теренот од почетокот на натпреварот и во првото полувреме се закануваше преку Хари Кејн и Лерој Сане, но сепак безуспешно. Лоша среќа го снајде Јунајтед на крајот од првото полувреме бидејќи Хари Мегваер мораше да го напушти теренот поради повреда. Во вториот дел не видовме многу поинаква слика на теренот бидејќи немаше многу возбудувања, но Баерн сепак успеа да постигне гол во 71. минута. „Баварците“ одиграа одлична акција, на крајот Кејн направи убава асистенција за Кингсли Коман, а тој го матираше Андре Онана за 1:0.

Remote video URL

Лукас Лерагер во 58. минута погоди за победа на Копенхаген на стадионот „Паркен“, а со тоа данскиот шампион неочекувано го освои второто место во многу тешката група и се пласираше во осминафиналето.

Треба да се каже и дека Копенхаген го заврши натпреварот со 10 играчи бидејќи голгетерот Лерагер на крајот заработи втор жолт картон, со што беше исклучен.

Remote video URL

Баерн заврши на првото место во групата со 16 бодови и може да се надева на поповолна ждрепка за осминафиналето, Копенхаген е втор со 8, Галатасарај трет со 5 бода и оди во Лига Европа, додека за Манчестер Јунајтед, кој освои само 4 бода, заврши европската сезона.

Група Б

Веќе беше познато дека Арсенал и ПСВ ќе се пласираат во нокаут фазата од Лигата на шампионите, додека Ланс и Севиља во директен дуел одлучуваа за местото што води во Лига Европа. На крајот, францускиот претставник се радуваше на третото место, додека Севиља се прости од Европа за оваа сезона.

На стадионот „Филипс“ во Ајндховен се одигра дербито помеѓу ПСВ и Арсенал, а резултатот беше 1:1. Гостите играа во прилично изменет состав бидејќи Микел Артета реши да одмори неколку од најважните играчи. Во ваква ситуација прв поведе Арсенал. Се играше 42. минута кога Еди Нкетиа постигна гол по асистенција на Реис Нелсон. Арсенал замина на одмор со водство.

И покрај гол негативата, ПСВ продолжи да игра добро на стартот од вториот дел, а во 51. минута Јорбе Вертесен постигна убав гол за израмнување на 1:1. Арсенал постигна уште еден гол пред крајот на натпреварот преку Јакуб Кивиор, нобеше поништен по интервенцијата на ВАР поради офсајд.

Remote video URL

Дуелот меѓу Ланс и Севиља директно одлучуваше кој од третата позиција ќе го продолжи патувањето во Лига Европа, а кој ќе се збогува со Европа за оваа сезона. Натпреварот заврши со победа на домаќините од 2:1, со што Французите се пласираа во следната рунда од натпреварувањето.

Во првото полувреме немаше голови, а по паузата пенали ги донесоа возбудувања. Првиот го видовме во 63. минута кога Пшемислав Франковски погоди од белата точка за водство на Ланс. Израмнувањето го видовме во 79. минута кога Серхио Рамос погоди исто од белата точка за Севиља, откако двапати го изведе пеналот. Првиот беше повторен. Првиот пенал го одбрани голманот Брис Самба, но ги прекрши правилата, па Рамос во вториот обид погоди со паненка.

Кога Севиља тргна на сѐ или ништо, во претпоследната минута од судиското надополнување домашните изведоа одличен контранапад, а Анџело Фулџини со гол го однесе Ланс во Лига Европа. За Севиља и официјално заврши оваа европска сезона.

Remote video URL

Група Ц

Директна битка за нокаут фазата водеа и Наполи и Брага, а на крајот италијанскиот тим победи на домашен терен со 2:0. Уште пред натпреварот Наполи имаше значително поголеми шанси бидејќи му одговараше домашна победа, но и реми. Работите веќе беа решени на полувремето кога „Партенопеите“ имаа предност од два гола.

Првиот гол во 9.тата минута беше автогол на Сердар Саатџи, а пред паузата Виктор Осимхен погоди за 2:0. Тоа беше конечниот резултат, па Наполи оди во нокаут фазата од групата Ц.

Remote video URL

Во истата група Реал Мадрид по пресврт победи против Унион Берлин со 3:2. Во 45. минута Лука Модриќ имаше шанса да погоди од пенал, но голманот на Унион одбрани. Во следниот напад казна на другата страна бидејќи искусниот Кевин Фоланд погоди за водство на берлинците.

Продолжението донесе многу подобра игра на Реал и целосен пресврт во режија на Хоселу со два гола.

Remote video URL

Група Д

Во групата Д имавме директна пресметка за првото место во групата, што е многу важно и носи статус на носител во жрепката од нокаут фазата.

Интер на свој терен го пречека Реал Сосиедад, а мечот заврши без голови, што целосно им одговараше на гостите од Баскија, кои благодарение на подобрата гол-разлика дојдоа до привилегиран статус во жрепката.

Remote video URL

Во оваа иста група видовме возбудлив дуел меѓу Салцбург и Бенфика кој заврши со победа на гостите од 3:1.

Анхел Ди Марија постигна одличен гол директно од корнер за да ги доведе Португалците во водство по половина час игра, пред Рафа Силва да ја удвои предноста на Бенфика пред паузата. Лука Сучиќ до крајот само го ублажи поразот на Австријците, пред конечно Артур Кабрал са погоди за конечни 3:1.

Remote video URL

Со оваа победа Бенфика го освои третото место и ќе продолжи да се натпреварува во Лига Европа, додека Салцбург се збогува од европските натпреварувања.

Вечерва се играат натпреварите од последното коло во групите Е, Ф, Г и Х, со што ќе заврши групната фаза.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе