ЦЕВ ЕУРО 2023

Одбојкарите вечерва против Чешка бираат осминафинален противник: Италија или Србија

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ македонската одбојкарска репрезентација игра решавачки натпревар во борбата за третото место во групата Ц на Европското првенство 2023 на кое домаќин е и Скопје.

Фото: ОФМ

Македонските одбојкари веќе обезбедија место во осминафиналето, но сакаат да остварат што подобар пласман и евентуално да ја избегнат силната Италија во нокаут-фазата.

Нашата група Ц во осминафиналето спарува со групата А, каде откако синоќа Србија ја совлада Германија ѝ заврши работа на Италија. „Аѕурите“ и математички сега се први, без разлика на нивниот денешпен дуел против Германците.

Италија, Фото: ФИП

Со оглед на тоа што спарувањето е по принципот прв со четврти, втор со трет итн., Македонија доколку вечерва загуби и заврши четврта за противник ќе ја добие Италија. Со победа ќе бидеме трети и ќе играме против вториот од групата Ц, а тоа е Србија. Во моментов најважно е да се избегне силната Италија, но тоа не значи дека Србија е лесен противник, напротив.

Србија, Фото: ОССРБ

Дополнителна причина за избегнување на 4. место е фактот што терминот за тоа место во осминафиналето се поклопува со фудбалскиот натпревар Македонија - Италија в сабота вечер во Скопје, што значи дека, без потценување, одбојката ќе отиде во втор план. Ако бидеме трети, тогаш во осминафиналето ќе играме в недела. Како и да е, наша следна станица ќе биде Бари.

Што и да биде, сепак третиот континентален собир за нас е успешен, резултатски и според сликата што Македонија деновиве ја испраќаше од арената „Борис Трајковски“.

На момците во црвено-жолти дресови вечер им треба голема поддршка од публиката.

„Да направиме уште едно шоу, вечерва од 20 часот“, повика Одбојкарската федерација на Македонија.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе