„Одлука“ на Хана Миленковска вечерва и утре во МКЦ

Александра Спасеска
/ 05.03.2022 / 14:25

На 5 и 6 март, со почеток од 20 часот, во МКЦ ќе се одржи премиера и втора изведба на театарската претстава „Одлука“.

Автор на претставата е Хана Миленковска, која исто така ги потпишува режијата и драматургијата. Коавтори и актери се Мартин Ѓоргоски и Чедомир Митевски.

„’Одлука’ е уметничко истражување за носењето одлуки, чиј краен исход е театарска претстава. Секојдневно сме соочени со низа избори кои мора да ги направиме, некогаш мали и бенигни, некогаш непријатни. Во ова дело, ние, авторите, решивме тргнувајќи од себе од различни агли да ги набљудуваме сопствените ограничувања, начините на кои сме условувани да размислуваме, препреките што сами си ги создаваме“, велат авторите.

„Да се создаде чисто гледливо парче театар без никаков материјален влог освен нашето време, здравје и волја, се покажа како поголем предизвик од очекуваното. За среќа налетавме на одлични сојузници по пат. Тргнавме од тоа дека ќе ги анализираме одлуките што сме ги донеле досега, како поединци, но и како општество, па можеби ќе разбереме што отсега. Не сме сигурни што разбравме, но знаеме дека ни е важно тоа што го направивме. Не сме убедени во исходот, но важно ни е некој ова да го види и чуе“, објаснува екипата и додава:

„Се боревме да бидеме разговетни и смели кон себе и светот. Сфативме дека сме способни да сме кохерентни онолку колку што светот во кој живееме има смисла. И одлучивме дека тоа е во ред.“

Продуцент на претставата е Дино Чупевски, графичкиот дизајн е на Матеја Николиќ, а логистичка поддршка даде КСП - Центар Јадро. Стручни соработници на проектот се Дамјан Дуковски, Владимир Лукаш, Евгенија Здравевска, Владимир Димовски, Калија Киселички, Драган Теодосиев и Јоана Ристевска.

Билетите се достапни на билетарница и онлајн преку bileti.mkc.mk.

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе