УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Официјални состави: Македонија со многу промени против Гибралтар

Филип Здравески
/ 12.06.2022 / 16:41

Македонскиот и гибралтарскиот селектор ги отворија картите за денешниот натпревар во рамките на 4. коло од Лигата на нации, Група 4 од Лига Ц.

Како што и најави на синоќешната прес-конференција, Благоја Милевски направи доста промени во стартниот состав давајќи им шанса на играчите кои беа на клупа или влегуваа во игра во второто полувреме на претходните три натпревари. Така, сега помеѓу стативите шанса доби Дамјан Шишковски, во одбраната лево е Кире Ристевски, десно Тодор Тодороски, а на централните позиции Ѓоко Зајков и Никола Серафимов. Средината ја сочинуваат Бобан Николов, Елиф Елмас и капитенот Енис Барди, на крилните позиции се Езџан Алиоски лево и Дарко Чурлинов десно, додека најистурен е Бојан Миовски, за кого ова е прв настап од почеток. За овој натпревар не се во комбинација повредениот Александар Трајковски и суспендираниот Давид Бабунски (парни жолти).

Селекторот на Гибралтар, уругвајскиот стратег Хулио Сесар Рибас, се одлучи за: Бредли Банда на голот, во одбраната капитенот Рој Чиполина, Луи Анесли, Џејмс Оливеро и Рис Лопес, во средината Скот Вајзман, Ли Кашаро и Итан Брито, а во нападот Лиам Вокер, Грем Ториља и Џулиан Валарино.

Натпреварот ќе го суди молдавска четворка со Думитру Мунатеан како главен , ќе му помагаат Андреј Бодеан и Виктор Мардари, а четврти судија е Роман Житари. Во ВАР собата главен ќе биде Михал Оценаш, а помошник Бранислав Ханцко - и двајцата од Словачка.

Почетокот е закажан за 18 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Директен пренос ќе оди на ArenaSport 1.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе