Официјално: Меси е „парижанец“

Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси (33), е нов играч на ПСЖ, потврди францускиот клуб на социјалните мрежи.

Меси денеска пристигна во Париз на медицински прегледи и потпишување договор. Трансферот го потврди и ПСЖ со видео, најавувајќи дека нападот на најтрофејниот француски клуб ќе го засили легендарниот Меси.

Иако финансиските детали за договорот не се објавени, L’Equipe претходно откри дека Меси се договорил за двегодишна соработка, со можност за продолжување на уште една година, а Аргентинецот ќе добива околу 35 милиони евра по сезона.

URL

Истиот извор наведе дека Меси одбил да му го земе бројот 10 на Нејмар и дека е подготвен да игра во дресот со бројот 19, а во редовите на „парижаните“ се приклучи како слободен играч по истекот на договорот со Барселона.

Со доведувањето на Меси, ПСЖ го формираше можеби најубиствениот напад што сме имале можност да го гледаме во светот на фудбалот. Покрај Аргентинецот, во фантастичното трио ќе бидат и Килјан Мбапе и Нејмар, а кога ќе ги додадеме другите ѕвезди, јасно е дека „парижаните“ го создадоа најсилниот тим, барем „на хартија“.

Веќе летово беа донесени Ахраф Хакими, Џорџино Вајналдум, Серхио Рамос и Џанлуиџи Донарума, а Данило Переира од Порто беше откупен, па навивачите на ПСЖ не можеа да замислат подобар преоден рок.

Меси во младинските категории на Барселона пристигна во 2000 година од Њуелс Олд Бојс, и целата своја професионална кариера ја помина во дресот на Каталонците.

Графика: Sofascore za IndexSport

Тој постигна 772 гола и 305 асистенции за Барса на 778 настапи, а од 1 јули оваа година, тој беше слободен играч.

Во дресот на Барселона освои дури 34 трофеи, од кои најважни се десет титули шампион на Шпанија и четири Лиги на шампиони, а рекордни шест пати ја освои Златната топка - признание за најдобар фудбалер на светот.

Официјалната церемонија за потпишување на договорот ќе биде извршена наскоро по положувањето на лекарските прегледи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе