Охрабрувачки наоди на научниците: Крај на пандемијата, ако светот е како во Јужна Африка

Стапката на смртност од омикрон варијанта на коронавирусот е значително помала од претходните бројки и изнесува 25% во однос на претходните смртни случаи, според податоците од големото истражување за смртност во Јужна Африка.

Научниците од Универзитетот во Преторија и Националниот институт за заразни болести во Јужна Африка следеле пациенти примени во големата болница во градот Тсвани во провинцијата Гаутенг, кој се смета за епицентар на омикрон, пишува британски The Telegraph.

Смртноста е четири пати помала

Тие откриле дека само 4,5% од пациентите примени во болница починале за време на бранот на варијантата омикрон, во споредба со дури 21,3% од оние кои починале пред појавувањето на омикрон.

„Доколку овие податоци се пренесат на светско ниво, би дошло до целосно раздвојување на стапката на зараза и смртност, што би значело крај на епидемијата и влез во ендемијата“, заклучува научниот тим.

Неодамнешните податоци од Обединетото Кралство покажуваат дека стапката на смртност е падната на коефициент 1,12 (1 починат на 833 заразени) откако се појави омикрон, во споредба со 3,3 (1 починат на 30 заразени) минатата зима, иако бројките за смртност ќе бидат попрецизни за неколку недели, пишува The Telegraph.

Новото истражување од Јужна Африка покажува и дека просечниот престој на пациентите во јужноафриканските болници за време на бранот омикрон бил четири дена. Во претходните бранови на коронавирусот, просечниот престој на заболените пациенти во болница беше 8,8 дена.

Научниците утврдиле и дека кај дури 63% од хоспитализираните пациенти омикрон бранот бил откриен случајно, односно дури по приемот во болница поради некоја сосема друга причина.

Четири пати помалку луѓе на интензивна нега

Бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега исто така е далеку помал, само 1% во споредба со 4,3% во текот на претходните бранови, а само една третина имале пневмонија, од кои 72% имале благи до умерени симптоми.

Помалку од половина (45%) од пациентите морале да добијат кислород, во споредба со дури 99,5% во првиот бран.

Најголем број кревети во Универзитетската болница „Стив Бико“, во која се вработени јужноафриканските истражувачи, биле окупирани од пациенти со COVID-19 за време на омикрон бран на 13 декември 2021 година - 108 кревети, што е многу помалку од највисокиот број за време на претходните бранови, кога на 13 јули 2021 година 213 кревети беа зафатени на врвот на делта бранот.

Во истражувањето биле опфатени 466 пациенти примени во болничкиот комплекс „Стив Бико“ од 14 ноември, а научниците ги споредиле со 3.967 пациенти примени пред тој датум.

„Во бранот омикрон што започна од градот Тсвани, сериозноста на клиничките слики беше намалена, бидејќи имаме помалку смртни случаи, скратен е приемот на интензивна нега и времетраењето на болничкиот престој. Постојат јасни знаци дека стапката на инфекции и приеми во болница може дополнително да се намали во Јужна Африка во следните недели“, напишаа авторите на студијата во објавена во списанието International Journal of Infectious Diseases.

Научниците посочуваат дека просечната возраст на примените во болница е значително помала, 39 години наспроти 49 години за претходните бранови, што веројатно е причина за помалиот број случаи.

Тие нагласија дека претходното заболување и вакцинацијата помогнале да се промени клиничката слика на вирусот, но дека не можат да ја исклучат можноста дека омикрон е едноставно понеопасна варијанта на коронавирусот.

Околу 66,7% од жителите на Тсвани имаат ковид антитела, иако само 36% од возрасните на возраст меѓу 18 и 49 години се вакцинирани, а над 50 години се 58%.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе