Османи: Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ) зборуваше за ветото на Бугарија против почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и за важноста на европската перспектива.

Османи во интервјуто рече дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ, а тоа предизвикува многу фрустрации.

„Јас се гордеам на посветеноста на политичката елита и населението, кои, и покрај сè, остануваат на целта за влез во ЕУ. Постои вистинско верување дека нема алтернатива – инаку, луѓето одамна би го напуштиле овој пат. Дури и луѓето што не се запознаени со геополитичката динамика многу добро разбираат дека за оваа земја ЕУ е воздухот што треба да го дишеме“, рече Османи.

Министерот беше прашан и дали има гаранции дека Бугарија нема да поставува натамошни барања по уставните измени, на што одговори дека прилично е сигурен оти Бугарија постојано ќе формулира нови барања, пренесе Deutsche Welle.

„За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден“, вели Османи.

Сепак, Османи смета дека целта е темата да се префрли од историските интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права затоа што во тоа сме добри. Објасни дека Северна Македонија изгради уникатен модел на функционална мултиетничка демократија наспроти сите скептици, кои сметаа дека тоа на Балканот не е можно.

реклама

Македонија

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more
 

Вести

  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе