Остри реакции за бездомните кучиња во Скопје: Пополека умираат од глад и жед, а се и сериозна опасност

Скопјани реагираат на проблемот со бездомните кучиња. Ги има во повеќе маала низ градот, најголем дел оставени без храна и вода. Се сведочи и за цели глутници, кои во најголем случај се мирни. Жителка на Карпош бараше дислоцирање на кучиња кои биле во близина на училиште. Скопјанец сведочи како седум кучиња умираат под Железничката станица, а смета и дека се опасност за минувачите. Засега „Лајка“ нема решение за овие кучиња, бидејќи приципот на кој работи претпријатието е залови, третирај, врати на иста локација.

Христијан Богдановски, скопјанец, преку објава на социјалните мрежи аламираше дека бил сведок на жална глетка. Посочува дека и самиот бил жртва на куче кое го нападнало за нога додека возел велосипед. Посочува дека ова што се случува во Скопје е срамота.

„Пред саат време на Железничка, жална глетка, гладни, жедни и истоштени од дивеење на скопските улици, болни, пополека умираат. Мислам дека е многу поразумно и похумано, ако веќе не планираат да ги згрижат (од градов/државните институции, или пак невладиниве организации за права/заштита на животните, кои што земаат еден куп пари од донации за таа намена, а само знаат да ни попуваат како да се однесуваме со животните, а не прават ништо суштински, ниту за заштита и подобрување на правата и условите на животните, ниту пак за луѓето), подобро ќе биде барем да се умртват, односно евтаназија на дивите кучиња во градов, зошто вака се стварно греота, a уште поважно и пострашно се сериозна опасност, не само за деца и жени, туку дури и за возрасни мажи“, стои во дел од објавата на Богдановски.

Ова не е единствена реакција изминатите денови. Жителка на Карпош, бараше реакција од Анима мунди и „Лајка“ за дислокација на кучиња, за кои посочува, дека биле истоварани близу училиште.

„Денес околу 10 часот во Карпош 4 на улица 'Волгоградска', кај Зур маркетот, беа истоварени 6 огромни црни кучиња. Дали може да ги замолам ЈП 'Лајка' - Скопје и Анима Мунди да помогнат да се дислоцираат или да се преземе нешто друго? Во близина се на градинка и школски двор, дајте да превенираме на време, да не ни се случат уште една Пинтија или уште една Струга. Не е едно куче, глутница е, затоа и пишувам и молам да се преземе нешто на време“, пишува во дел од објавата.

ЈП „Лајка“ во неколку наврати, прашани за одговорноста за глутниците кучиња, пред два месеца, ни одговори дека тие се последниот обрач за ставање под контрола на проблемот.

„Одговорноста за перпетуирањето на проблемот со постоењето на бездомните кучиња е на институциите кои ги креираат законите и ги спроведуваат. ЈП 'Лајка' е последниот обрач во ланецот за ставање под контрола на овој проблем, но за жал во јавноста само нас нѐ препознаваат како одговорна институција за решавање на проблемот со уличната популација на кучиња. Нашата позиција во моментот е да го амортизираме проблемот кој други надлежни институции како Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Министерствоото за внатрешни работи навремено не го превенираат, но и не делуваат соодветно“, стоеше во одговорот на ЈП „Лајка“.

Само денеска, во дневниот билтен на МВР стои дека во полиција се пријавени четири каснувања од кучиња. Пред два месеца, беше објавено и видео од Аеродром, на кое се гледаше како глутница бездомни кучиња нападнаа домашен миленик, додека сопственикот се обидуваше да го оттргне.

Скопје не е единствен град кој има проблем со бездомните кучиња.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе