Ова се сите точки по кои Звезда ќе одговара за инцидентот со Ибрахимовиќ

По истрагата спроведена од етичкиот и дисциплински инспектор на УЕФА, покрената е дисциплинска постапка за инцидентите што се случија за време на првиот натпревар од 1/16-финалето на Лига Европа помеѓу Црвена Звезда и Милан (2:2), одигран на 18 февруари , 2021 година во Србија“, соопшти УЕФА.

Како што се очекуваше, УЕФАја обвини Звезда за расистичко однесување кон противниците, поточно за навреда на Златан Ибрахимовиќ на мечот со Милан, кога сè уште непознат провокатор од новинарската ложа на Маракана безобразно го навредуваше најдобриот гостински играч.

Златан Ибрахимовиќ беше меѓу резервите на Милан, а првиот гол за водство на својот тим го прослави скокајќи на трибините на Маракана, каде што се наоѓаат резервните играчи според КОВИД протоколот.

Ова го налути еден навивач на Звезда кој од местата за новинарите извика:

„Седи долу, Златане! Пи*ко една, балијо еден смрдлив. Да те е*ам во уста, дате е*ам!“, урлаше непознатото лице фатено само со звук на видео што се прошири вирално на социјалните мрежи.

Српските медиуми откриваат дека „простакот“ бил сместен во новинарската ложа иако не бил новинар.

„На сите новинари, кои се групираа на едната страна, им беше јасно дека ова не е медиумски работник, туку некој што, благодарение на кој знае какви врски, се најде на место што не требаше. Клубот мора да се обиде да го идентификува простакот кој го посрамоти целиот клуб пред светот и го извалка спектакло“, напиша српски Telegraf.

На Зведа не ѝ помогна ни официјалното извинување до Златан, Милан и УЕФА и најавата дека ќе го идентификуваат и лоцираат дивјакот. Казната од УЕФА е сигурна, бидејќи расизмот е еден од најсериозните престапи кон кои УЕФА има нулта толеранција.

Единствено прашање е дали Звезда ќе биде казнета или ќе мора да ги игра идните натпревари во Еврокупот без навивачи кога ќе им биде дозволено да се вратат.

УЕФА ја товари Звезда по следниве точки:

  • Расистичко однесување
  • Провокативно, навредливо скандирање
  • Повреда на протоколот на УЕФА за враќање во игра.
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе