Пандев повторно удри по ФФМ и најави пензија по ЕУРО

Горан Пандев утринава се вклучи како гостин во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 каде отворено проговори за случувањата во македонскиот фудбал.

Фото: ФФМ

Најпрво, за она кое сите ги интересира, дали Пандев ќе игра уште или ќе се пензионира после Европското првенство, како што впрочем одамна најавуваше.

„По ЕУРО, најверојатно ќе се пензионирам, ќе ставам крај на активната фудбалска кариера. Со семејството остануваме во Џенова, имам понуди овде да бидам дел од раководството на Џеноа. Ако треба да изберам помеѓу ФФМ и Џеноа денес, би ја одбрал Џеноа, ако се променат работите, овде сум да помогнам за мак фудбалот“, рече тој оставајќи сепак една мала доза на резерва дека одлуката за пензија сѐ уште не е конечна.

Изминатиов период, поради сите тие скандали со изборите за претседател во Фудбалската федерација на Македонија каде самите клубови немаат никакви права во изборот, наголемо се шпекулираше дека Пандев би можел да се кандидира за претседател на ФФМ за конечно некој од корен да ги направи потребните реформи. Но, уште еднаш тој стави дознаење дека не гаи такви амбиции.

„Немам амбиции да бидам претседател на ФФМ, но спремен сум да помогнам македонскиот фудбал да го подигнеме на едно повисоко ниво. Според мене, моментално македонската лига е најаматерската и најнаместена, најнекоректна лига во цел свет. Нашата Федерација не прифаќа никакви закони, еве кажете, да претпоставиме и да сакам јас или било кој друг, како да се кандидираме за претседател на ФФМ? Јас не знам како државата дозволува да се одржуваат вакви собранија. Лани, раководството го прекина првенството. Ние вложивме 600.000 евра и денес сите ќутат, како е тоа можно? Сакам да помогнам на мак-фудбалот, но некои луѓе не сакаат“, вели Пандев.

Дека во македонската федерцаија не цветаат рози, иако македонскиот репрезентативен фудбал го доживеа најголемиот успех, доказ е самата домашна лига кој целосно ја контролира токму ФФМ. А, таму, Пандев е сопственик на еден клуб, на еден од оние десет кои немаат право на глас да одлучуваат за првенството во кое самите настапуваат и вложуваат пари.

„Има неколку луѓе кои командуваат во нашата лига. Да не навлегуваме многу со имиња, но кај нас сѐ се знае однапред, кој ќе игра Лига на шампиони, кој Лига Европа. Рака на срце, Шкендија да, сопственикот инвестира, има услови, но видете го Вардар во каква состојба е. Јас лично, сакам да видам проект, да знаеме зошто вложуваме. Не може 10 дена пред натпревар да се знае кој ќе ѝ суди на Академија Пандев, сите си ќутат и никој ништо не зборува. Зошто е тоа така, треба да го прашаме претседателот“.

Пандев (прв ред, средина) со својот клуб од 1.МФЛ; Фото: ФК Академија Пандев Струмица

„Видете кои луѓе одлучуваат за мак-фудбалот и сѐ ќе ви стане јасно. Не е нормално од прволигашите да нема делегати на Изборно собрание, да нема делегати од Шкендија, од Македонија ЃП, од Работнички, од други прволигаши, тоа е невозможно. Мислам дека ФФМ не почитува никаков закон, ако воопшто постои закон. Во Италија, претседател избираат клубовите од прва, втора и трета лига“, гневна е македонската фудбалска легенда.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе