УЕФА ЕУРО 2020

Пандев во Топ 10 на ЕУРО 2020 според репрезентативни настапи

Меѓу фудбалските ѕвезди, кои ќе настапат на претстојното ЕУРО 2020, вкупно 25 имаат повеќе од 100 репрезентативни настапи, а македонскиот капитен Горан Пандев е на делба на 8. место со полскиот голгетер Роберт Левандовски.

Фото: ФФМ

Од дебито во македонскиот дрес во 2001 година во мундијалските квалификации против Турција, Пандев собра 118 настапи во националниот дрес и постигна 37 голови, вклучувајќи го и историскиот против Грузија во баражот за пласман на Европското првенство.

Доколку Пандев настапи денеска на пријателскиот натпревар против Казахстан, ќе го одигра својот 119-ти натпревар.

Од фудбалерите, кои се очекува да настапат на ЕУРО 2020, најмногу одиграни натпревари во националниот дрес има португалскиот капитен Кристијано Роналдо.

Топ 10 фудбалери на ЕУРО 2020 според бројот на репрезентативни настапи.

1. Кристијано Роналдо – 173
2. Лука Модриќ – 137
3. Жуау Мотињу – 130
4. Себастиан Ларсон – 128
5. Марек Хамшик – 126
5. Јан Вертонген – 126
7. Серхио Бускец – 122
8. Горан Пандев – 118
8. Роберт Левандовски – 118
10. Пепе – 113
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more
 

Спорт

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе