Пато флертува со Милан: Со Ибра би биле совршен пар

Поранешниот напаѓач на „Росонерите“ сака повторно да заигра за тимот од Милано и тоа во тандем со Златан Ибрахимовиќ, со кого вели дека би бил совршен напаѓачки пар.

Алешандре Пато играше за Милан од 2007 до 2013 година. Сега е слободен играч, а последно настапуваше за бразилски Сау Паулу. Претходно играше и за Челси, Виљареал, како и за кинескиот Тианѕин.

„Слушам дека во Италија има клубови кои се заинтересирани за мене. Сакам да разјаснам нешто, имам 31 година и не ме интересираат договори за големи пари, туку проекти кои ми се допаѓаат. Да ми беше за парите ќе си останев во Кина“, вели Пато зборувајќи за La Gazzetta dello Sport.

„Како да не се чувствувам носталгично кон Милан? Станува збор за 150 натпревари, 63 голови, Скудето и италијански Суперкуп. Би било остварување намојот сон доколку се вратам во Милан, кој ми е во срце“.

А, во Милам сега главен е Златан Ибрахимовиќ, фудбалер кој секогаш сака да биде најдобар.

„Зар би имал проблем со Ибра? Но, не би бил негов заменик, би одиграл неколку натпревари и би го убедил тренерот да ме постави стартер. Јас и Ибра би можеле да играме заедно, би биле совршен пар“, вели Пато надевајчи се дека управата на Милан ќе се закачи на јадицата.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе