Пендаровски: Со Бугарија треба да разговараме за критериумите потребни за ЕУ, не за историja

Според објаснувањата на Бугарија, тие сакаат да го имитираат однесувањето на Грција кон Северна Македонија во последните децении, поставувајќи ни предуслови за влез во Европската Унија, со цел да го заштитат националниот интерес, вели претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во интервју за Euronews на албански јазик, Пендаровски изјави дека потребно е да се говори за вистинските аргументи и критериуми што државата ги исполни за влез во Унијата, а не да се дискутира за XIX или XX век.

– Бугарските барања се многу поконтроверзни од грчките. Зошто? Затоа што Грците никогаш не го доведуваа во прашање нашето етничко потекло. Никогаш не рекоа „не си Македонец“. Во ситуацијата со Грција, дадовме можност, ако сакате да се идентификувате како етнички Македонец, можете да го направите тоа. Ако некои луѓе во Грција денес велат дека се Македонци, имаат право на тоа. Бугарија го оспорува идентитетот на Македонците и тоа е големиот проблем, вели претседателот Пендаровски.

Според него, Бугарија ја изразува позицијата на бугарското општество, како резултат на долгогодишниот став на бугарските политичари и историчари, што датира од времето на комунизмот.

– По Втората светска војна, особено во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, луѓето почнаа да зборуваат за Македонија како измислен нација, за чудо создадено со декрет на Тито. Така што навистина мислам дека бугарските политичари, како и обичните граѓани, Македонците ги доживуваат како етнички Бугари или барем веруваат дека ние сме биле такви до крајот на Втората светска војна. Како и за македонскиот јазик, кој е познат и признаен во целиот свет, дека бил само дијалект на бугарскиот, рече Стево Пендаровски во интервјуто за Euronews.

Претседателот Пендаровски додава дека засега не гледа значителна промена во однесувањето на Бугарија. И покрај сите случувања на европскиот континент со руската инвазија на Украина и сите геополитички мотиви што го доведуваат во прашање концептот на обединета Европа, Пендаровски посочува дека бугарската позиција сè уште е тешка, и не се забележани значителни промени, во пресрет на одлуката на Брисел што ја очекуваме до крајот на јуни.

– Но, ако ме прашувате мене, ако прашувате за моето внатрешно чувство - во Северна Македонија сум познат како политичар кој го кажува своето мислење. Немам еден личен или друг официјален став. Ќе ги ценам нашите шанси за почеток на преговорите, конечно по 17 години во кои сме кандидат, на помалку од 50%, заклучи претседателот Пендаровски.

Во врска со вклучување на бугарското малцинство во Уставот на Република Северна Македонија, Пендаровски вели дека ова е една од ретките работи што ги обединува владејачката и опозициската партија.

– Ова е една од темите за која сите партии во Парламентот се едногласни. Зошто да не ги вклучиме Бугарите во нашиот устав. Но, ние сакаме ова да биде врзано со рок, сакаме гаранција дека ова е последното барање од бугарската страна, за бугарското малцинство, Бугарите кои живеат во Северна Македонија. Во спротивно, секој месец или секоја година ќе мора да продолжиме да ги убедуваме нашите граѓани да сменат нешто, било да е тоа нашиот Устав, законите или нешто друго. Можеме да го направиме ова, но каде е гаранцијата дека ова е последното бугарско барање на оваа тема, вели шефот на државата.

Прашан за одделување на Албанија за почетокот на преговорите со ЕУ, Пендаровски посочи дека доколку Тирана ги исполни сите предуслови, а во меѓувреме сè уште нема зелено светло од Бугарија, сосема е нормално да се стави на прво место интересот на своите граѓани.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе