Американскиот претседател Џозеф Бајден ѝ нанесе повеќе штета на Америка, отколку кој било претседател во модерната историја, смета поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс.
Тој за Fox News тврди дека за 14 месеци инфлацијата во САД е најголема во последните 40 години, а бензинот поскапел за 70%.
Според Пенс, сегашната администрација правела грешки во борбата со пандемијата од коронавирусот. Тој укажа и на, како што нагласи, „катастрофалното повлекување“ на САД од Авганистан.