УЕФА ЕУРО 2020

Пикфорд го мина Бенкс и постави нов рекорд за серија без примен гол

Голманот на англиската репрезентација го сруши рекордот на легендарниот Гордон Бенкс уште пред да го прими гoлот од слободен удар, со што си обезбеди место во историјата.

Џордан Пикфорд е името кое отсега ќе стои на англискиот рекорд за најмногу минути без примен гол. Синоќа на полуфиналниот дуел со Данска неговата мрежа беше затресена прв пат по 721 минута. Честа ја имаше Микел Дамсгард кој со мајсторија од слободен удар стави крај на серијата.

За потфатот да биде уште поголем говори фактот што рекордот до вчера беше во сопственост на легендарниот Гордон Бенкс, голманот од златната англиска генерација од 60-тите кој беше еден од главните играчи на Англија која во 1966 година го освои единствениот трофеј кога триумфираше на Мундијалот на домашен терен.

Пикфорд со 725 минути го надмина рекордот на покојниот Бенкс кој 720 минути немаше примено гол помеѓу мај и јули 1966 година. Серијата на Бенкс почна од 81 минута на натпреварот со Шкотска кога Џејмс Џонстон постигна гол на 2 април 1966, а ја прекина Еузебио од пенал во 82. минута на полуфиналниот дуел со Португалија од Светското првеснтво.

Серијата на Гордон Бенкс:
Шкотска - Англија 3:4 (Британско првенство / од 82. минута)
Англија - Југославија 2:0 (пријателска)
Финска - Англија 0:3 (пријателска)
Полска - Англија 0:1 (пријателска)
Англија - Уругвај 0:0 (СП 1966 група 1)
Англија - Мексико 2:0 (СП 1966 група 1)
Англија - Франција 2:0 (СП 1966 група 1)
Англија - Аргентина 1:0 (СП 1966 четвртфинале)
Англија - Португалија 2:1 (СП 1966 полуфинале / до 82. минута)

Серијата на Џордан Пикфорд:
Белгија - Англија 2:0 (Лига на нации / од 25. минута)
Англија - Исланд 4:0 (Лига на нации)
Англија - Авастрија 1:0 (пријателска)
Англија - Хрватска 1:0 (ЕУРО 2020 група Д)
Англија - Шкотска 0:0 (ЕУРО 2020 група Д)
Чешка - Англија 0:1 (ЕУРО 2020 група Д)
Англија - Германија 2:0 (ЕУРО 2020 осминафинале)
Украина - Англија 0:4 (ЕУРО 2020 четвртфинале)
Англија - Данска 2:1 (ЕУРО 2020 полуфинале / до 30. минута)

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more
 

Спорт

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе