Пикси е новиот селектор на Србија

Легендарниот југословенски и српски фудбалер ќе ги предводи „Орлите“ на патот кон СП 2022 и ЕУРО 2024.

Фудбалскиот сојуз на Србија денеска објави дека Драган Стојковиќ е новиот предводник на сениорската фудбалска репрезентација на нашиот северен сосед. Популарниот Пикси потпишал тригодишен договор, односно до крајот на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

„Пресреќен сум и истовремено сум крајно горд. Нема поголема чест од тоа да се биде селектор на својата земја. Не можев да посакам подобар подарок за роденденот. Свесен сум за одговорноста што ја преземам, но верувам и во сопствениот квалитет, квалитетот на моите соработници и огромниот потенцијал што го има нашиот национален тим. Исто така, чувствувам голема поддршка од сите страни што ќе биде неопходна за да ги постигнеме нашите цели“, вели Пикси.

Стојковиќ нема богато тренерско искуство. Од 2008 до 2013 ја предводеше јапонската Нагоја Грампус, а од 2015 до лани беше на челко на кинескиот Гуанчоу Р&Ф.

Неговиот прв предизвик е веќе овој месец кога Србија ќе ги почне квалификациите за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Србија отвора дома со Ирска на 24-ти, потоа игра со Портигалија, исто дома (27), а на 30-ти му гостува на Азербејџан.

„Мундијалските валификации започнуваат многу брзо. Наголемо се подготвуваме, ги анализираме противниците, од кои првите два се исклучително тешки и реално, нашите главни ривали за првите две места во групата. Како што неодамна изјавив, ние мора да бидеме обединети, да гинеме за дресот на нашата земја, грбот и химната. Нема друг начин да се успее. Резултатот е приоритет, но јас исто така сакам да доминираме, да сакаме гол повеќе и ние да бидеме тие што ќе ја контролираат играта“, рече тој.

Стојковиќ беше играч од средниот ред и за поранешна Југославија настапи на вкупно 84 натпревари во периодот од 1983 до 2001 година. Играше на два Мундијала (1990 и 1998) и на две Европски првенства (1984 и 2000)

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе