УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Пирова победа на Интер, Баерн му се истури на Салцбург

Првите реванш осминафинални натпревари од европската фудбалска елита донесоа и тоа како интересни натпревари, а првите два патника во четвртфиналето се Ливерпул и Баерн.

Ливерпул го пречека Интер со предност од 2:0 од Милано. Гостите немаа што да загубат па од почеток тргнаа поофанзивно, иако тешко доаѓаа до голот на Алисон. Всушност, првата вистинска шанса ја имаа „Црвените“ кои погодија пречка по ударот со глава на Жоел Матип во 31. минута. Интер успеа да се закани дури во 42. минута кога Хакан Чалханолу се обиде од слободен удар, но Алисон беше сигурен.

Вториот дел почна со контрола на Ливерпул, а во 52. минута Мохамед Салах погоди статива. Десет минути подоцна студен туш на „Енфилд“ откако Лаутаро доби топка вон шестнаесетникот по една акција меѓу Брозовиќ, Чалханолу и Санчес, веднаш упати одличен и неодбранлив удар, кој сигурно ќе конкурира и за најдобар гол на сезоната во Лигата на шампионите.

Само што Ливерпул тргна од центарот, а надежта се врати кај навивачите на Интер, Алексис Санчес заработи втор жолт картон и автоматски црвен, оставајќи ги „Нераѕурите“ со десетмина.

Со играч помалку избраниците на Симоне Инѕаги тешко успеваа да се надигруваат со големиот противник, а во 77. минута Салах по втор пат погоди статива. Ливерпул почна дури и да задржува време со оглед на тоа што и со поразот сепак поминуваше, што и се оствари.

Салцбург можеби одигра 1:1 со Баерн на првиот натпревар во Австрија, но затоа доживеа вистински дебакл на реваншот во Минхен.

Натпреварот беше решен уште по дваесетина минути игра откако Баерн доби два пенала, двата реализирани од Роберт Левандовски. Ако за првиот немаше дилеми дека е чист фаул за пенал, оној вториот се чини е чист подарок од францускиот судија Клод Турпен. Во 23. минута Лева прослави хет-трик, а во 31. минута Серж Гнабри се погрижи за 4:0 на полувреме.

Во вториот дел продолжи канонадата по голот на младиот швајцарски голман Филип Кон. Прво Томас Милер погоди за 5:0 во 54. минута, а во 70-тата Данецот Мауриц Кјергорд постигна почесен гол за гостите пред Милер и Лирој Сане во 83. и 85. минута да ја дополнат австриската мрежа.

Вечерва се играат два нови реванш натпревари: Манчестер Сити ќе го потврдува пласманот против Спортинг, додека битка на титаните ќе има во Мадрид каде Реал во пречекува ПСЖ, натпревар кој ќе оди во живо на МРТ1.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе