Кошаркарот По Гасол летоска потпиша договор со Портланд, но набрзо стана јасно дека разделбата е неминовна. Шпанецот оттогаш е без ангажман, во меѓувреме имаше понуда од Барселона, меѓутоа беше цврсто решен да остане во САД со намера да добие нов договор.
Тоа покрена гласини дека Гасол би можел наскоро да објави крај на кариерата што, сепак, не е опција за извонредниот кошаркар.
Тој порача дека негова цел е настап на летните Олимписки игри во Токио и ако му се оствари желбата, тоа ќе биде петти настан на кој ќе учествува по Атина, Пекинг, Лондон и Рио де Жанеиро.
– Заздравувам. Фокусиран сум на санација на повредата на стапалото за да се вратам побргу на терен, рече 39-годишниот Гасол.