Побарана е ексхумација на телото на Пеле

Фудбалската легенда Пеле почина на 82-годишна возраст во декември 2022 година, а неговото семејство се соочува со правна битка против ексхумацијата на телото на фудбалската легенда.

Телото на Пеле би можело да биде ексхумирано откако жена која тврди дека е ќерка на бразилската икона побарала уште еден ДНК тест.

Бразилскиот печат пишува дека Мариа ду Сокору Азеведу (60) тврди дека е осмо дете на Пеле, а покојниот фудбалски великан, кој се женел три пати, наводно во тестаментот ја признал можноста да е татко на осмо дете.

Тој, наводно, се согласил и на тест за татковство, но починал пред да биде направен.

Се додава дека Марија првпат побарала тестови пред пет години, но здравјето на Пеле, како и пандемијата на COVID-19 спречиле тоа да се случи.

URL

Но, тестот наводно бил направен кога две од биолошките деца на Пеле, Еџињу Насименту и Флавиа Кристина, се согласиле да направат ДНК тестови веднаш по читањето на тестаментот на нивниот татко.

Еџињу, кој е задолжен и за грижата за наследството на Пеле, претходно изјави дека ДНК тестовите биле негативни.

„Веќе ги направивме тестовите и потврдено е дека таа не е наша сестра“, рече тој.

Сепак, адвокатот на Мариа тврди дека новиот ДНК тест ја потврдил големата можност за нејзината крвна поврзаност со Пеле и сега верува дека нема друга опција освен да го ексхумира телото на Пеле за да се реши ситуацијата.

„Немаме друга алтернатива“, изјави тој за Record TV.

Барањето за ексхумација ќе биде поднесено во наредните денови, јавуваат бразилските медиуми.

Тагови
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе