Починал 24-годишен кичевчанец кој паднал при изведување градежни работи со градежна машина во дворот на Н.Г. (69) од селото Србица.
– Во ОВР Кичево вчера во 17:40 часот било пријавено дека Ј.Е. (24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г. (69) од селото Србица, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што починал во болницата во Тетово, соопштија од МВР.
Увид бил извршен и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.