НБА 2021/22

Почна НБА сезоната: Адетокунбо и Кари го одбележаа стартот

Ноќеска започна новата сезона во најдобрата кошаркарска лига на светот, а во двата одлични воведни натпревари Милвоки Бакс и Голден Стејт Вориорс забележаа победи.

На крилјата на Јанис Адетокунбо бранителот на титулата Милвоки со 127:104 беше подобар од ѕвездите на Бруклин Нетс, кои немаа одговор за расположените домаќини.

Бакс беа подобар тим од самиот почеток и веќе во првата чртвртина имаа 18 поени предност. Со неколку добри серии Милвоки сепак успеа да ја одржи двоцифрената предност до последната четвртина и потоа лесно забележа триумф.

Одличниот Адетокунбо постигна одличен учинок од 32 поена, 14 скока и 7 асистенции ноќта на отворањето на новата сезона. Пред почетокот на натпреварот, одличниот грчки кошаркар го доби шампионскиот прстен за минатата сезона.

Пет Конотон го следеше со 20 поени, колку што запиша и Крис Мидлтон. Во спротивниот табор, Кевин Дјурент постигна 32 поена и 11 скока.

Изненадувачки лесно, Голден Стејт Вориорс славеше на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс со резултат 121:114 благодарение на одличната игра на Стеф Кари.

Лејкерс имаа предност во поголемиот дел од натпреварот, но таа се стопи пред почетокот на последната четвртина. Гостите одиграа одлично, стигнаа до предност од 12 поени во финишот (103:115) по што дуелот беше решен.

Одличниот Кари постигна трипл-дабл првата вечер во НБА лигата, постигнувајќи 21 поен со по 10 скокови и асистенции.

За Лејкерс не беше доволно што Леброн Џејмс (34 поени) и Ентони Дејвис (33) постигнаа комбинирани 67 поени.

Remote video URL

Резултати:

Милвоки Бакс - Бруклин Нетс 127:104
Лос Анџелес Лејкерс - Голден Стејт Вориорс 114:121

Возбудувањата од новата сезона продолжуваат вечерва после полноќ по македонско време, а се среќаваат:

1:00 часот:
Шарлот Хорнетс - Индијана Пејсерс
Детроит Пистонс - Чикаго Булс

1:30 часот:
Њујорк Никс - Бостон Селтикс
Торонто Репторс - Вашингтон Визардс

2:00 часот:
Мемфис Гризлис - Кливленд Кавалирс
Минесота Тимбервулвс - Хјустон Рокитс
Њу Орлеанс Пеликанс - Филаделфија 76ерс

2:30 часот:
Сан Антонио Спарс - Орландо Меџик
3:00 часот:
Јута Џез - Оклахома Сити Тандер
4:00 часот:
Феникс Санс - Денвер Нагетс
Портланд Треил Блејзерс - Сакраменто Кингс

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе