Подготвен за на стаза: Ferrari 296 Challenge

Во чест на своето деби во Европа и Северна Америка во сезоната 2024, Ferrari го претставува 296 Challenge и голем број нови функции во споредба со Ferrari 488 Challenge Evo, објавија Италијанците.

Како што се додава, новиот Ferrari 296 Challenge е всушност олицетворение на нова филозофија да му се даде на патниот автомобил максимална можна функционалност на стаза.

Решенијата применети на Ferrari 296 Challenge се сосема слични на оние што можевме да ги видиме во 296 GT3, кој дебитираше оваа сезона. Изведен од моделот 296 GTB, 296 Challenge воведува значителни промени кога станува збор за моторот, аеродинамиката и динамиката на возилото.

Ferrari истакнува дека ова е првиот болид во историјата на шампионатот кој е придвижуван од V6 мотор од 120 степени. Станува збор за твин турбо мотор од 2.992 кубика, а нема хибридна компонента. Има 700 КС и максимален вртежен момент од 740 Nm, па, се посочува, е поставен нов рекорд кога станува збор за односот моќност/зафатнина – во овој случај тоа е 234 КС/л.

ABS EVO Track, адаптација на системот за прв пат воведен кај Ferrari 296 GTB, исто така се појавува за прв пат во овој модел, а има и додавање на нови сопирачки дискови CCM-R PLUS. Покрај тоа, Италијанците се особено горди на новите 19-инчни гуми Pirelli.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе