Подгответе се за пролет: 5 парчиња што мора да ги имате во вашата гардероба

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 29.02.2024 / 13:45

Убавото време и првите потопли денови конечно пристигнаа, па време е за полесна гардероба, но и за она што баш не ни се допаѓа - средување на плакарот.

Зимски јакни, дебели џемпери, ролки... време е да ги спакувате и да ги замените со кожена јакна, потенки панталони. Доколку сè уште не сте го направиле тоа, пролетта е вистинско време да го подобрите вашиот стил и да блеснете во некои нови модни комбинации.

Ова се пет парчиња кои секоја жена треба да ги има во својата гардероба и на кои секогаш може да се потпре кога е во недоумица што да облече. Исто така, овие пет парчиња се основата околу која можете да правите безброј комбинации. Мојата препорака е секогаш прво да се обидете да го најдете парчето од втора рака, по принцип на размена или купување, да го побарате од локални производители и дизајнери, а само откако ќе ги исцрпите овие опции да го купите ново, од конфекциски бренд. И во тој случај, внимавајте на составот на материјалите и проверете дали брендот работи етички, еколошки и општествено одговорно, бидејќи вистинските модни икони се еколошки освестени.

Бела кошула

Најважното парче облека за пролет (а и за сите сезони!) е секако белата кошула. Кошулата го крева нивото на елеганција. Можете да ја комбинирате со сè: тесни и широки фармерки, елегантни панталони, но и со здолништа. Изберете модел од природни материјали (свила, памук, бамбус, лен), и внимавајте на пропорциите – кошулата не смее да „пука“ на вас, но ни да не биде премногу широка (освен ако не бирате оверсајз модел). Може да ја носите како самостојно парче или да биде еден од слоевите во вашата модна комбинација. За похрабри модни избори, облечете ја кошулата наопаку или врзете ја на интересен начин.

Црни панталони

Црната е боја која секогаш ќе биде во тренд и што секогаш може да се комбинира со сè. Моделот и материјалот се најважни при изборот на вашето основно парче – црните панталони. Изберете природни материјали и пробувајте различни модели додека не го најдете оној што по крој најдобро ви прилега. Наш совет е да се обратите и на локалните кројачи и домашни дизајнери кои би ви скроиле модел по ваша мерка. Комбинациите со црни панталони кои ви стојат беспрекорно се бескрајни!

Црна кожена јакна

Црната кожена јакна, без разлика дали е долга или кратка, одлично оди со сè. Во зависност од изгледот што сакате да го постигнете, можете да ја носите со кошули, но можете да ја носите и со било која обична маичка или со кроп топ. Исто така, што се однесува до фармерките, кожената јакна може да се комбинира со некои широки фармерки и да изгледа фантастично. Кога бирате кожена јакна, како современа модна кралица, мислете на импактот на животната средина: изберете парче од вистинска кожа што е винтиџ или од втора рака; или веганска варијанта, со цел да не го поттикнувате производството на нови парчиња од материјали од животинско потекло.

Дводелен костум

Ако сакате да бидете елегантни, забележани, добредојдени во секоја пригода, било да е тоа кафе, деловен состанок или испит, облечете костум – сако со панталони. Оваа комбинација ќе направи да се чувствувате успешни и остварени. Од друга страна, тоа е одличен избор кога не знаете што да облечете. Може да го носите со патики и со елегантни чевли, а моделот изберете го според вашите преференци. Секое од парчињата од костумот можете да го носите и во посебни комбинации. Советот за избор е ист како и за црните панталони – експериментирајте додека не го најдете моделот што ви прилега или побарајте помош од професионалец. Топло препорачуваме да им дадете шанса на винтиџ моделите од 80-тите и 90-тите кои ќе ги комбинирате со модерни детали!

Спортска јакна

За крај, важно е да се напомене дека покрај елегантни парчиња облека, секогаш мора да имате спортска јакна што ќе ја облечете кога одите на тренинзи, на патувања, кога го шетате вашето домашно милениче или кога одите во продавница. Можете да направите и смели урбани комбинации, особено со ретро моделите.

реклама

Низ  Европа се креваат брани во очекување на рекордни врнежи и невидени поплави

Read more

Во очекување на циклонот Борис: Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении

Read more

Трите најнегативни хороскопски знаци во Зодијакот

Read more

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Read more

Стил

Најчестата грешка што ја прават луѓето со мрсна кожа

Read more

Адријана Лима се „стопи“

Read more

Георгина сервираше сè во Венеција: Покажа и деколте, и нога

Read more

Фаталната Романка не разочара во Венеција

Read more
 

Магазин

Денеска е петок 13-ти – теории и суеверија

Читај повеќе

Трите најнегативни хороскопски знаци во Зодијакот

Читај повеќе

Експертите ја наведоа главната причина зошто сè повеќе жени се одлучуваат за развод

Читај повеќе

За совршена паста престанете да ги правите основните грешки

Читај повеќе

Намирници кои го поттикнуваат лачењето на хормоните за спиење и обезбедуваат добар и здрав сон

Читај повеќе

Есен со Прима мебел

Читај повеќе

Како да имате подобар секс кога со партнерот ве „палат“ различни работи?

Читај повеќе

5 ретроградни планети во исто време: Како ќе влијаат на секој хороскопски знак?

Читај повеќе
  • filter

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Читај повеќе