Двајца германски фудбалски фанатици решиле ништо да не ги спречи да го следат дуелот на нивниот омилен тим со баварскиот гигант, па се качиле на дрво и оттаму ја следеле пресметката.
Со затворени стадиони почна Бундеслигата, но сепак некои навивачи успеаја некако да се снајдат и да ѕирнат во живо.
Двајца навивачи на Унион од Берлин се искачиле на 12-метарско дрво и оттаму го гледале дуелот на нивниот миленик против минхенски Баерн.
Сепак, нивното уживање го прекинала полицијата која ги натерала да се симнат и да заминат. Како што пренесува Bild, не биле казнети.
Нивниот тим загуби со 0:2 од лидерот на табелата.