Полска почна да го гради ѕидот кон Русија – ќе постави 3.000 камери за надзор

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински објави дека Полска почнала со изградба на „современ“ ѕид долж копнената граница со Русија долга 199 километри, пренесува независниот руски медиум Медуза.

Ѕидот треба да биде завршен до крајот на септември, а Камински тврди дека ќе биде сличен на ѕидот со „многу дневни и ноќни камери и сообраќајни монитори“ што постои на делови од полско-белоруската граница.

„Ќе имаме сеопфатен мониторинг на сè што се случува на границата со Русија“, посочи тој. Полската гранична стража најави дека на дел од речиси 200 километри ќе бидат поставени 3.000 камери за надзор. Компанијата за безбедносни системи Telbud минатиот декември освои договор вреден 81 милион евра со полските граничари.

URL

Сепак, Полска не е првата земја која почна да поставува бариери на границата со Русија. Финска во февруари почна да гради 200 километри огради како дел од работите, чија вредност се проценува на 380 милиони евра. Финците тогаш најавија дека ќе постават бодликава жица на метална ограда висока три метри, а на чувствителните места ќе има камери за ноќно снимање, светилки и звучници.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе