Посно, лесно и брзо: Ориз со зеленчук

Кога ви треба нешто за набрзина, да е вкусно и да содржи многу хранливи материи, тогаш одлучете се за ориз со зеленчук.

Велигденскиот пост започна, па никогаш нема доволно идеи за вкусни брзи јадења. Ако сакате да направите нешто брзо и со евтини состојки, тогаш оризот со зеленчук треба да биде ваш избор. Потребно е помалку од половина час за подготовка, а вкусот е фантастичен. Можете да додадете и повеќе состојки во ова јадење, по ваш вкус.

Потребни состојки:

  • 150 гр брокула
  • ½ кромид
  • ½ жолта пиперка
  • ½ црвен пиперка
  • 250 гр ориз
  • 2-3 лажици соја сос
  • масло
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Во зовриена вода ставете сол и една минута провријте ја брокулата што претходно сте ја исекле на парчиња. Потоа се исцедете ја, па додадете ја во тава во која сте сипале малку масло. Додадете сечкани пиперки и кромид, зачинете со бибер и пржете додека зеленчукот не омекне.

Исплакнете го оризот и ставете го во тенџере со зовриена вода. Половина чаша вода е доволна за една чаша ориз. Можете да користите и булјон. Промешајте (еднаш е доволно). Гответе 20 минути, поклопено, па тргнете го од шпорет и оставете уште 5 минути.

Потоа измешајте го зеленчукот и оризот, па прелијте со соја сос. Нема потреба дополнително да ставате сол бидејќи соја сосот е прилично солен. Добро измешајте и послужете.

Remote video URL
реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Најидеалниот спорт за секој хороскопски знак: Астрологијата знае во која активност блескате

Read more

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината

Read more

Рецепти

Гриз со банани: Омилено јадење на најмалите за лесен појадок или ужина

Read more

Пробајте рецепт за леб од тава со моцарела

Read more

Брзо и вкусно: Совршени солени мафини со виршли

Read more

Сочно пилешко соте со зеленчук

Read more
 

Магазин

Два хороскопски знаци што ќе бидат љубезни кон другите, само ако имаат задни намери

Читај повеќе

Пет предупредувачки знаци дека јадете премногу јаглехидрати

Читај повеќе

Пеглата на пареа е корисна и во кујната

Читај повеќе

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Читај повеќе

Африкански остров ја носи титулата најдобра дестинација за меден месец

Читај повеќе

Најидеалниот спорт за секој хороскопски знак: Астрологијата знае во која активност блескате

Читај повеќе

Рани знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц

Читај повеќе
  • play_arrow

Гриз со банани: Омилено јадење на најмалите за лесен појадок или ужина

Читај повеќе

Кои утрински навики се корисни за здравјето?

Читај повеќе